Tesla повеќе нема да се монтира во Холандија за европскиот пазар

Калифорнискиот специјалист за електрични автомобили наскоро завршува со завршна монтажа на Model S и Model X во погонот во Толбург, Холандија. Уште е неизвесно околу работните места на вработените во фабриката, исто како што не е познато и локацијата на којашто овие модели ќе се подготвуваат за испорака на европскиот пазар.

Летово се очекува да започне производството во фабриката на Tesla во Гринхајде, Германија. Новите капацитети сепак ќе бидат целосно оптоварени со Model Y. Од компанијата објавија дека подоцна во германската фабрика ќе започне и производството на Model 3. Постои можност возилата да се увезуваат во комплетно монтирана состојба од САД, како што и досега беше случај со Model 3.

Во погонот на Tesla во Тилбург работат 540 лица. Покрај завршна монтажа, таму се наоѓа и лакирница, магацин со резервни делови, работилница за репарирање на стари делови, како и центар за испорака на возила.

Tesla неодамна ги освежи двата модели од вишата класа. Model S и Model X во новата варијанта се очекува да стартуваат со испорака во Европа во ноември. Надворешноста е сменета незначително, додека главната промена во кокпитот е во тоа што дисплејот сега е поставен хоризонтално, место вертикално. Има и дисплеј за задната клупа. За клиентите е поважно тоа што добиваат подолг досег и повисока моќност. Во варијантата Plaid+, моќноста надминува 1.000 КС.

>>> Tesla изгуби 244 млрд. $ пазарна вредност за само неколку недели

Претходна објаваЕлектрични автобуси Mercedes-Benz eCitaro за францускиот Руан
Следна објаваЕвропската турнеја на автобусите Isuzu гостуваше во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here