Електрични автобуси Mercedes-Benz eCitaro за францускиот Руан

Јавниот превоз во регионот на Руан во Нормандија го сочинуваат повеќе од 200 автобуси. Регионот со околу половина милион жители го покриваат обични автобуски линии, училишни автобуси, брзи автобуски линии, BRT систем, ноќна автобуска линија, една врска со метрото и пет линии за превоз по повик. Целиот овој возен парк годишно минува повеќе од 18 милиони километри.

Десетте нарачани електрични автобуси Mercedes-Benz eCitaro совршено се вклопуваат во оваа средина. Возилата ќе бидат испорачани во текот на летово. Нарачката се состои од осум единечни автобуси со NMC-батерии од најнова генерација, со капацитет од по 396 kWh, како и два единечни автобуси со иновативни батерии со цврст електролит (капацитет 441 kWh). Автобусите ќе ја полнат батеријата во депото во Руан.

Три врати со двојна ширина обезбедуваат брз промет на патници на станиците. Внатрешноста ги пречекува патниците со привлечен амбиент. Подот е во графитно црна боја, седиштата се обложени во сива боја, а држачите се сини. Вградени се USB-приклучоци за полнење.

Автобусите возат чисто и безбедно. Во богатата опременост на eCitaro меѓу другото спаѓа активен асистент за сопирање, како и предупредување за пешак или велосипедист при скршнување на крстосница – Sideguard Assist. На сите автобуси е поставен натпис дека станува збор за целосно електричен погон.

>>> Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Претходна објаваСите како дома: Fiat Chrysler се всели кај Opel во Риселсхајм
Следна објаваTesla повеќе нема да се монтира во Холандија за европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here