Словенија го регистрираше првиот електричен транспортер

man tge Словенија го регистрираше првиот електричен транспортер

Компанијата Henkel Maribor го презеде електричниот транспортер MAN eTGE и со тоа означи историски момент во дистрибуцијата и логистиката во Словенија. Станува збор за првиот електричен транспортер во сегментот меѓу три и шест тони, што се регистрира во земјата.

Транспортерот со погон на батерии ќе се користи во одделението за техничко снабдување, односно за транспорт на потрошни материјали, како и за достава на проби до институциите за контрола. Henkel Maribor цени дека со преоѓањето од дизел на струја ќе ја поштеди животната средина од 1,5 до 2 тони СО2.

Според статистиките, повеќе од две третини од лесните товарни возила минуваат под 100 километри дневно. Досегот од 140 километри во реално градско возење, односно 115 km според циклусот WLTP, од тоа гледиште е сосем доволен за чист и тивок транспорт во градска средина.

Опременоста на транспортерот исто така одговара за градска примена: Активен систем за следење лента, паркинг сензори напред и назад, комфорно возачко седиште, автоматски клима уред, диодни светла, навигација MAN Media Van и камера за рикверц. Покрај тоа, гаранцијата за батеријата важи осум години. MAN eTGE е идентичен со Volkswagen eCrafter.

>>> Француска пошта нарача 420 електрични комбиња Volkswagen e-Crafter

Volkswagen e-Crafter francija
Volkswagen e-Crafter

Претходна објаваЕлектричната Dacia ќе се нуди како рентакар во Франција
Следна објаваSkoda Karoq доби дволитарски основен дизел со 115 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here