Групацијата BMW го приближува концептот на скутер Link на чекор до сериско производство. Новата верзија е BMW Motorrad Definition CE 04, замислена како спој меѓу аналогниот и дигиталниот свет. Електричниот скутер располага со напредни решенија за конективност и освен за основната функција за превоз служи и како центар за комуникација.
На настанот #NEXTGen 2020 што BMW го најавува како техно-спектакл првпат пред јавноста ќе биде прикажан концептот на скутер BMW Motorrad Definition CE 04. При развојот биле земени предвид сите потреби и барања на човекот од големиот град. Според мотото Plugged to Life, скутерот го спојува аналогниот со дигиталниот свет на корисникот. Дел од концептот е интелигентната облека и прибор.
Скутерот е дел од масивната програма за електромобилност на баварската групација. BMW е предводник во светот на две тркала во поглед на електромобилноста уште од 2013 година, со серискиот BMW C evolution.
Изгледот става нагласок на урбаниот карактер на Definition CE 04 и во споредба со концептот Link од 2017 година изгледа многу поблиску до модел од сериско производство. Електричниот погон им отвора нови можности на дизајнерите, поради комактните димензии и флексибилноста. Поради тоа, идниот сериски скутер на BMW Motorrad значително се разликува од стандардните скутери.
https://photos.app.goo.gl/1heePtwoEpE1UrVz8
Батеријата е поставена ниско и остава простор за странична преграда, што е лесно достапна, осветлена и доволно е просторна за сместување шлем. Во исто време, батеријата придонесува за тежиштето да биде ниско, што понатаму влијае позитивно врз возните својства и управливоста.
Под оклопот во бела металик боја се наоѓа техничката група, којашто е бојадисана црно, вклучувајќи ги погонската единица, амортизацијата и светлата. Оваа дизајнерска шема е применета со цел да се нагласи електричниот погон на скутерот. Од истата причина и опашот не е целосно обложен, туку ја прикажува техниката.
https://photos.app.goo.gl/UYr65LKW9ijiftwE6
Просечната километража што целната група ја минува дневно изнесува околу 12 километри. Поради тоа, скутерот не е развиван да понуди комфор за долги патувања, туку е пред сé практичен и лесен за користење.
Возачот преку својот телефон и преку BMW Motorrad Definition CE 04 се поврзува со средината. Дисплејот од 10,25 инчи е најголем во сегментот и служи за пристап до функциите на скутерот.
https://photos.app.goo.gl/47SFWi8zTztJAmgg8
Дел од концептот е облеката што е во урбан стил и ја подржува практичноста на градското секојдневие со скутер, во исто време обезбедувајќи заштита. Клучното парче од облеката е широката и топла јакна, коешто е надополнето со црни пантолони посебно креирани за возење, со стилски сникерки и со бел шлем Open-Face.
https://photos.app.goo.gl/MYNL8kFSBJB2ogkP6
Во ракавите и во капата се поставени светлечки елементи, заради поголема безбедост. Тие се вклучуваат преку сензорите во ракавите и ја менуваат бојата. Во внатрешниот џеб на јакната се наоѓа индуктивен полнач за телефон.
BMW не го наведува датумот кога ќе ја реализира идејата на Definition CE 04 во сериски модел што ќе го замени C Evolution.
















