Германската Железница ќе пушта возови долги 374 метри

германска железница нов ICE

Германската Железница од следната година ќе почне да користи супердолги композиции со место за повеќе од 900 патници. Медиумите во земјата спомнуваат должина од 374 метри, односно вкупно 13 вагони и место за 918 патници. Тоа ќе биде рекорд во историјата на компанијата.

Новите возови ќе почнат да се користат во средината на јуни 2021 година, на делницата од пристанишниот град Хамбург до Коар во Швајцарија. Од септември, возовите ќе бидат пуштени на релација од Северна Рајна Вестфалија до Минхен.

Железницата планира да користи 50 вакви возови, што постигнуваат брзини до 265 километри на час. Проблем е тоа што возот ќе може да запира само на станици што се долги најмалку 410 метри.

Од 2017 година, Дојче Бан го користи возот од генерацијата ICE 4 во редовна линија, особено на најпрометните релации. Овие возови имаат дванаесет вагони, долги се 346 метри, а капацитетот им е за 830 патници.

Компанијата моментно располага со 303 возови, од кои најмногу се од генерацијата ICE 3, со 82 возови. Планот е до 2026 година, бројот да се зголеми на 421 возови, со вкупно 220.000 места.

>>> Шефот на германската железница нема кола и не лета

Шефот на германската железница нема кола и не лета
Др. Ричард Луц (горе л.) и вработените ги прикажуваат новите работни костуми во Дојче Бан

Претходна објаваKia започнува со продажба на новите K5 и Carnival во Кина
Следна објаваВозењето електричен тротинет може да биде во Мерцедес-стил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here