Електричниот тротинет со сребрена ѕвезда на рамката користи електромотор со моќност од 250 вати. Со батерија од 7,8 амперчасови, тротинетот на Mercedes постигнува досег до 25 километри.
Вообичаено за луксузните автомобили на премиум марката, изработката на Mercedes-Benz e-Scooter исто така почитува врвни стандарди. Врз површината за стоење е поставена облога што не лизга. Има и амортизација, напред и назад, а гумените тркала со пречник од 20 сантиметри овозможуваат одлични возни својства. Управувачиот столб се мести по висина без степени.
Мобилниот телефон може да се поврзе со електричниот скутер со помош на блутут. За телефонот е предвидено посебно место на држач на управувачкиот столб. Преку апликацијата на Micro Mobility може да се повикаат информации за брзината, растојанието, должината на возење или наполнетоста на батеријата.
Интетрираниот систем за навигација во апликацијата, на дисплејот го прикажува најкусиот пат до целта. Преку апликацијата се ракува и со светлата, a се избира и програм за возење.
Mercedes-Benz e-Scooter тежи 13,5 килограми и може да се преклопи, по што е лесно тој да се понесе секаде со себе. Цената во онлајн-продавницата на Mercedes изнесува 1.072 евра.
https://photos.app.goo.gl/R3kfPVBv2vZAQUJr8
>>> Девет електрични тротинети на тест во АДАК

















