за

Девет електрични тротинети на тест во АДАК

Девет електрични тротинети на тест во АДАК
Девет електрични тротинети на тест во АДАК

Скапото не мора да е добро, но евтиното обично е лошо. Така клубот АДАК го резимира тестот на девет модели на популарното превозно средство.

Електричните тротинети станаа дел од уличната слика, нашите градови не се исклучок. Во бројни европски и светски метрополи, е-скутерите се изнајмуваат, на пример во случај кога јавниот превоз не може да се користи за комотно пристигање до одредиштето. Но, во исто време расте и пазарот на модели на овие двотркалци што се достапни во продажба. Субвенциите, пак вклучувајќи ги и нашите градски власти, придонесуваат дополнително за ширењето на кругот на корисници на електричните тротинети.

Со цел да провери каков квалитет нудат моделите што моментно се нудат на германскиот пазар, клубот АДАК направи обемно тестирање на девет електрични тротинети од неколку ценовни класи. Како заклучок од тестирањето, скапото не мора да биде добро, но евтиното обично е лошо. Три модели добија оцена „многу добро“, пет модели се „добри“, додека најслабиот модел на тестот е со оцена „доволно“.

Maginon Street One (оцена 4,5) е најевтиниот е-скутер на тестот, со цена од 279 евра во Германија. Тој изгуби бодови поради премалите тркала и нестабилните возни својства. За конечната оцена „доволно“, придонесе тоа што при проверката на долготрајноста пукна еден вар на рамката.

Победник на тестот, со оцена 2,2 е електричниот скутер од средниот ценовен сегмент, со 800 евра. Segway-Ninebot покажа најдобар квалитет и најдобри возни својства, особено поради моќниот погон и досегот од 46,2 километри. Големината, релативно високата тежина и просечните сопирачки не дозволија скутерот да добие оцена „одлично“.

Двата најскапи скутери на тестот, Go!Mate Steap ER2 Plus и SXT Light Plus добија само оцена „добро“. Соодносот меѓу цената и понуденото е најдобар кај SO Flow SO6, со најголема противвредност за 700 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во тестирањето учествуваше и My Tier, скутер што е масовно присутен во германските градови, како дел од возниот парк на скутери за изнајмување на Tier. Оцените од АДАК: Добри возни својства, издржливост и безбедност. Негативно бодови донесе високата тежина (најтежок е на тестот) и фактот што скутерот не се преклопува.

Во споредба со минатогодишниот тест се забележува голем пад во цената на електричните скутери, но според АДАК, поволните цени одат главно на сметка на безбедноста. Техничарите на клубот лани им измерија покус пат на сопирање и подобри сопирачки на скутерите, кои тогаш и чинеа повеќе. Повеќето скутери сопираат од 20 km/h за околу два метри. Годинава, просечниот пат на сопирање се зголеми на 3,4 метри. Штедењето на квалитетот на сопирачките може да биде опасно. Според клубот, двете тркала на електричните скутери треба да располагаат со механички сопирачки, особено предното.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како да се избере добар електричен тротинет

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во автомобил купен на наддавање имало сокриени 34 килограми кокаин

Во автомобил купен на наддавање имало сокриени 34 килограми кокаин

toyota mirai 10000 motomachi

Членките бараат ЕУ да подготви план за водородниот погон