Mitsubishi L200 победи во изборот за најдобар пикап во Русија, со високи оцени за издржливоста, за теренските перформанси на погонот на сите тркала, но и за комфорот и за дизајнот.
Убедливо најголемото жири за избор на автомобил на годината во Европа го изгласа Mitsubishi L200 за победник во изборот за 2020 година во категоријата на пикапи. Жирито на рускиот избор е најверодостојното во свет, публиката. Повеќе од 1,5 милиони Русинки и Руси го кажаа својот избор во онлајн-гласањето.
Ценетиот пикап на Mitsubishi воедно заслужи и место меѓу петте најдобри автомобили во категоријата на лесни доставни возила / пикапи според стручното жири. L200 го заокружи триумфот со победа и во категоријата за СУВ на годината, во којашто гласаат медиумски претставници, јавноста и блогери.
Според Mitsubishi, впечатливиот дизајн што го користи принципот на „Engineered Beyond Tough“, заедно со теренските перформанси на погонот на сите тркала, издржливоста и комфорот, што имаат за цел да ги исполнат барањата и потребите и на приватните и на службените корисници, се заслужни за триумфот на L200.
Првата генерација на еднотонскиот пикап на Mitsubishi дебитираше во 1978 година и оттогаш се произведени околу 5 милиони возила. Само во Русија се испорачани 63.000 примероци од пикапот, кој се користи и како службено и како приватно возило.
L200, односно Triton на некои пазари, претставува еден од стратешки најважните модели на Mitsubishi. Актуелната генерација имаше деби во 2018 година и на 135 пазари ширум светот досега се продаде во близу 260.000 примероци.
>>> Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

















