Макпетрол го пречека 200-илјадитиот член во семејството Верна

макпетрол верна 200к корисници

Верна програмата за лојалност на компанијата Макпетрол АД доживеа голем успех. Потрошувачите ја препознаа намерата на компанијата да создаде двонасочен однос со цел подобрување на нивните искуства кога станува збор за соработка со компанијата.

Потврда за овој успех е и доделувањето на 200-илјадитата картичка од програмата ВЕРНА, на господинот Жарко Јорданоски, а како добредојде од компанијата Макпетрол АД му подарија и 200 литри гориво.

Денес, оваа програма стана семејство кое брои 200 илјади членови, 200 илјади потрошувачи со доверба, 200 илјади граѓани кои можат да ги користат поволностите од оваа програма, а во исто време и да ги исполнат условите за учество во наградната игра“, се наведува во соопштението од Макпетрол АД.

Навистина ми е драго што станав дел од програмата за лојалност Верна на компанијата Макпетрол АД. Големо изненадување претставуваше известувањето што го добив, дека сум добитник на наградата како 200-илјадити член на ВЕРНА, посебно затоа што сум нов корисник на горивата на компанијата. Сакам да посочам дека до пред извесно време гориво точев од други компании, но не бев задоволен. Како што станав потрошувач на горивата на Макпетрол АД веднаш почувствував разлика во работата на мојот автомобил, компанијата навистина ја заслужува мојата доверба“. – кажа 200 илјадитиот член на семејството ВЕРНА, Жарко Јорданоски.

https://www.instagram.com/p/CFUgCZ9KF1B/

>>> Како Македонија од 186.000 тони дизел почна да троши 535.000 тони дизел годишно

Претходна објаваMitsubishi L200 со титула на пикап на годината во Русија
Следна објаваRenault официјален превозник на Скопскиот Маратон 2020

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here