Новата верзија на Ford Transit соединува највисока корисна носивост и најголем транспортен капацитет во повеќе од 50-годишната историја на иконскиот транспортер. Овој модел со носивост зголемена за 300 килограми е досега најефикасна варијанта на Transit.
Петтонскиот транспортер е наменет како издржлива основа, на пример за надградба во кипер, во амбулантно возило или полициски транпортер. „Носивоста на возилата игра клучна улога за продуктивноста на компаниите“, открива Ханс Шеп, шеф за доставни возила во Ford Europe. Новата варијанта на Transit е достапна со четири различни должини на меѓуоскино растојание, како шасија со единечна или двојна кабина со места за седум патници и како фургон. Носивоста на шасијата со единечна кабина достигнува 2.800 килограми.
Ford го нуди петтонскиот Transit и во популарната изведба Jumbo, како фургон со товарна зафатнина од 15,1 метри кубни. Во оваа изведба собира пет европалети. Рамната товарна површина што е долга 4,2 метри е опремена со бројни точки за врзување.
Клиентите што бараат специфични надградби, можат да ги користат понудите на програмата QVM (Qualified Vehicle Modifier) на Ford. Тоа е мрежа од 165 специјалисти за преправки и надградби во 13 евроспки држави.
Моторот е дволитарски дизел со 170 КС и вртежен момент од 390 њутнметри. Стандардно се користи 6-степен мануелен менувач, со доплата се вградува 10-степен автоматик – кој инаку работи и во Mustang, во посебно приспособена изведба.
>>> Ford Transit во „рели“ изведба во редовна салонска понуда

















