Toyota меѓу учесниците на донаторскиот настан YouTopia

Toyota YouTopia

Осум инфлуенсери подолго од 99 часови ќе укажуваат на далекусежноста на последиците од климатските промени, заедно со светски познати лица.

Настанот се пренесува во живо и по барање на видео-платформата Јутјуб и ќе трае до 4-ти октомври. Уште неколку друштвени мрежи ќе го придружуваат настанот, меѓу нив инстаграм и тикток. Инфлуенсерите живеат под огромна купола, во којашто од зони до полноќ се одржува разновидна програма со гејмерско-шоу, експерименти, научни разговори и други активности.

Покрај создавање свест за влијанието на климатските промени и нивните последици, целта на настанот е да се соберат средства за организацијата Plant for the Planet, којашто пошумува масовно ширум светот. Овие шуми придонесуваат за борбата против климатските проимени, ни даваат сенка и нé снабдуваат со кислород.

Toyota е дел од строго избраните партнери. Во раммките на Предизвикот на Toyota за животната средина 2050, компанијата постави амбициозни цели за драстично смалување на емисијата на СО2 во целото свое подрачје на делување. Освен на возилата, тоа се донесува и на фабриките. Алтернативните погони, меѓу кои е популарниот хибриден систем и горивните ќелии, даваат голем придонес во таа насока.

Во текот на настанот во живо ќе учествуваат со свои излагања менаџери и одговорни лица од Toyota, кои меѓу другото ќе зборуваат за водородниот погон и за новините од компанијата.

https://youtopia.com/

https://www.youtube.com/watch?v=tMM_90IqMfM

 

Претходна објаваВо СУВ-моделот на Lotus ќе работи техника од Volvo
Следна објаваНовиот шеф на Ford комплетно го смени раководството

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here