за

Новиот шеф на Ford комплетно го смени раководството

Американскиот концерн Ford од денес има нов шеф. Џејмс „Џим“ Фарли доаѓа на местото на Џим Хакет и уште од првиот ден смени повеќе менаџери од врвниот ешалон.

Ford со новиот шеф ќе ја забрза трансформацијата и побрзо ќе се приспособи на радикалните промени во автомобилската бранша. Џим Фарли на 1-ви октомври стапи на функцијата на извршен директор на Ford, заменувајќи го претходниот шеф Џим Хакет, кој заминува во пензија.

Новиот шеф на Ford, Џејмс „Џим“ Фарли уште од првиот работен ден покажа дека не планира да губи време. Фарли ги смени директорите за финансии, за маркетинг, за информации и уште неколку менаџери од врвната постава.

Фарли на виртуелна презентација со раководниот кадар на концернот најави дека Ford ќе реагира многу побрзо и промените побрзо ќе ги спроведува на дело. Одделните региони ќе добијат поголема самостојност, што важи и за Европа. Целта е на тој начин да се овозможи побрзо реагирање на промените и трендовите на локалните пазари.

Средствата на производителот на автомобили повеќе ќе се концентрираат во подрачјата што носат најголем раст, објасни Фарли пред раководството.

Новиот шеф на американскиот гигант препознава потенцијал за подобрување првенствено во две подрачја. Ford мора колку е можно побрзо да стартува со продажба на широка моделска понуда од возила со електричен поогон. Притоа, централна улога ќе има партнерството со Volkswagen.

Втор најважен столб според Фарли е брзиот развојо на технологијата за автономно возење. Ford во ова подрачје ќе се потпира на компетентноста на софтверската куќа Argo AI, што неодамна стана дел од Ford и што се спомнува и во договорот за соработка со VW.

Целта е компанијата да достигне маржа од осум проценти. Во последниот биланс, резултатите беа напишани со црвени бројки. Маржата од вкупниот промет на крајот на јули беше 14,24 проценти во минус.

Со смените на раководните позиции во европскиот огранок, досегашниот шеф за производство Дејл Висновски (57) заминува во пензија, а на негово место пристига Киран Кејхил (53), од позицијата на директор за производство и стратешки проекти во тимот на Вишновски.

>>> Европскиот шеф унапреден на врвната позиција во Ford

Европскиот шеф унапреден на врвната позиција во Ford
Европскиот шеф унапреден на врвната позиција во Ford

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota YouTopia

Toyota меѓу учесниците на донаторскиот настан YouTopia

suzuki swift hibrid скопје салон

Suzuki Swift со шампионски сооднос цена-потрошувачка