Субвенциите со коишто бројни држави ширум светот ја поттикнуват продажбата на електрични автомобили, секако дека нема да траат вечно. Возачките и возачите во Франција при купување електричен автомобил до крајот на годинава ќе добијат субвенција од 7.000 евра. Во следните години, висината на субвенцијата ќе се смалува постепено.
Од 2021 година, Франција ќе го субвенционира купувањето автомобили на струја со една илјада евра помалку отколку годинава, односно со 6.000 место со 7.000 евра. Понатаму, во 2022 година, субвенцијата ќе падне на 5.000 евра. Истото ќе важи и за возилата со приклучен хибрид, за кои моментно следува субвенција од 2.000 евра. Од следната година, и таа се намалува за 1.000 евра. Тоа е планот на француското министерство за финансии.
Новите одредби можат да предизвикаат нагло зголемување на продажбата на електрични и хибридни автомобили до крајот на годинава. Во исто време се подготува уште дена промена, со којашто ќе се обезбеди натамошно намалување на емисијата на штетни материи од вкупниот возен во земјата. Промените најмногу ќе ги погодат автомобилите со обични мотори.
Доколку автомобилот со мотор со внатрешно согорување испушта над 138 грами СО2 на километар – според реалната норма WLTP – за него дополнително ќе се плаќаат „пенали“ при регистрацијата. Од следната година, границата ќе се спушти на 131 g/km, за во 2022 година, вредноста да се спушти на 122 g/km.
За автомобилите со лош издув што годинава подлежат на такса во висина од 12.500 евра, во 2022 година истата такса ќе се зголеми на 50.000 евра
За секој грам СО2 над лимитот, дополнителната давачка ќе се зголемува експоненцијално. Автомобил со CO2 емисија од 138 g/km ќе подлежи на давачка во висина од 50 евра. Но, автомобилите со емисија од 200 g/km, давачката при регистрација ќе изнесува 12.500 евра. Во следните години, давачката ќе достигнува астрономски вредности. За возила што загадуваат најмногу, таксата в година може да достигне максимално 40.000 евра. Од 2022 година, таа повторно ќе се зголеми и ќе достигне 50.000 евра.
















