Новата Dacia Sandero со автогас, сончев покрив и системи за асистенција

Dacia Sandero Dacia Sandero Stepway 2020

Новата генерација на Dacia Sandero ќе се распознава лесно по новиот дизајн на светлата и по диодната техника во нив. Силуетата е сменета со ветробранот што е наведнат повеќе од порано, како и со покривот што е еден сантиметар пониско. Самостојно запирање при опасност од судир и предупредување за возило во мртов агол се стандард. На почеток се нудат два бензинци и еден мотор што е приспособен за работа на автогас.

Најважната разлика кај Stepway, во споредба со стандардниот модел е растојанието од подлогата што е зголемено за дури 4,1 сантиметри и сега изнесува 17,4 сантиметри. Хаубата на овој модел има повпечатливи контури, а предниот браник е сменет комплетно, со големи заштитни панели во црна боја околу магленките. Кај кросоверот има и заштита на подвозјето напред и назад. Други белези се црната заштита на арките на крилата и црните прагови, логото Stepway под маската и држачите за кровен багажник. Стандард се челични тркала од 16 инчи со раткапни со изглед на алу-тркала.

Првпат кај Dacia се достапни целосно диодн светла. Со 110 метри, нивниот домет е за 37% подолг во споредба со халогените светла на претходникот. Покрај тоа, светлосниот сноп е за 9 проценти поширок и изнесува 24 метри. Во повисоките нивоа на опрема стандардно следат сензори за светла и за дожд.

https://photos.app.goo.gl/eZjrokJwG3sS6UC49

Новина во активната безбедност е самостојното запирање при опасност од судир, базирано на радар, коешто реагира меѓу седум и 170 km/h. Во двете варијанти е нов и системот за предупредување при возило во мртов агол, што е активен меѓу 30 и 140 km/h.

Sandero и Sandero Stepway се први модели на Dacia што ја користат лесната и модуларна платформа CMF на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Една од нејзините одлики е високата структурна цврстина во делот на кошот на моторот. Сензори за судир во предните врати и сензор за забрзување го скусуваат времето на отворфање на страничните воздушни перници и на воздушните завеси.

https://photos.app.goo.gl/xgubnmiNi7imd3BY7

При речиси непроменети димензии на каросеријата, во кабината на Sandero и Sandero Stepway стои на располагање уште повеќе простор отколку во претхониците. Просторот за колена назад е подолг за 4,2 сантиметри. Зафатнината на багажникот изнесува 328 литри. Сите прегради во кабината заедно имаат зафатнина од 21 литар.

Уште една новина е електричното сервоуправување, коешто ја намалува силата за управување за 36 проценти. со доплата се добива помош при паркирање, заедно со камера за рикверц. Премиера имаат и пристап без клуч, заедно со систем со картичка, како и електрична паркирна сопирачка. Контролата на стабилноста поседува и помош при поаѓање на нагорнина. Од следната година ќе може првпат да се нарача и сончев покрив.

https://photos.app.goo.gl/iBj8Uyx7b57H5o6q6

За новите модели стојат на располагање три мултимедиски системи. Во основното ниво се вградува систем со дисплеј од 3,5 инчи и два звучници, заедно со апликација што го поврзува телефонот со радиото. Во второто ниво следат четири звучници и дисплеј од осум инчи што е завртен кон возачот. Системот се поврзува преку Apple Carplay и Android Auto. Врвниот систем дополнително располага со навигација и со шест звучници.

Основен мотор за Dacia Sandero е атмосферскиот мотор SCe 65 во комбинација со петстепен менувач. Како втор мотор следи TCe 90, по избор со нов шестстепен менувач или со безстепен менувач CVT. Традиционално, романската марка на Renault нуди и варијанта со погон на автогас. Во третата генерација, тоа е случај кај варијантата TCe 100 Eco-G, со емисија на СО2 намалена за единаесет проценти.

>>> Каков избор на користено возило е: Dacia Duster

Претходна објаваФранција привршува со субвенции, наплаќа за премногу СО2
Следна објаваAudi R8 во специјална изведба од Зелениот Пекол

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here