Audi R8 во специјална изведба од Зелениот Пекол

Audi R8 green hell

Audi R8 LMS има постигнато пет победи на 24 часа Нирбургринг по првиот старт во 2012 година. Во чест на големиот успех, Audi Sport GmbH претстави посебна изведба R8 green hell што ќе се изработи во ограничена серија.

Фановите на Audi и на суперспортскиот R8 се посебно горди на фактот што половина од компонентите во тркачкиот R8 LMS потекнуваат од стандардниот R8, и обратно. За уште еднаш да се нагласи оваа врска меѓу цивилниот автомобил и тркачкиот болид, Audi ја подготви специјалната серија од моделот што ќе се води под ознаката R8 green hell. Покрај тоа, тркачкиот болид со стартен број 1 што се натпреваруваше на годинешната трка 24 часа Нирбургринг, во категоријата GT3, беше прелепен со фолии во стил на R8 green hell.

Специјалниот Audi R8 green hell ќе се изработи во само 50 примероци, секој со сопствениот број во лимитираната серија. Цената во Германија изнесува 233.949,59 евра. Уште на прв поглед се препознава ексклузивниот статус. Верно на името „Green Hell“, каросеријата е лакирана во темнозелена тиоман боја. По желба, болидот може да биде лакиран во бела, сива или црна боја.

https://photos.app.goo.gl/Qgico7NSVpFaJqrM9

Предната хауба, предните столбови, покривот и опашот се обложени со мат црна фолија во тркачки стил. На вратите се наоѓа бројот на моделот во серијата, со големи бројки напишани со транспарентна мат боја. Тоа асоцира на стартен број. На страничните панели и на ветробранот е поставено логото „GREEN HELL R8“ во сјајна црна боја. Бандажите од 20 инчи со дизајн со пет краци се лакирани во мат црна боја, со детали бојадисани во црвено.

Возачкото седиште е школкесто со лесна конструкција и со средина обложена со алкантара. Истиот материјал се користи и на воланот, кој има црвена ознака во положбата за 12 часот. По целата кабина се изведени штепови во контрастна сино-зелена боја, вклучувајќи го „монопосто“, големиот лак околу кокпитот. Патосниците исто така имаат лого „GREEN HELL R8“.

https://photos.app.goo.gl/iuyR3qSarbquisCT6

Основа на ексклузивниот модел R8 green hell е Audi R8 V10 performance quattro во купе-изведба. Неговиот атмосферски V10 испорачува 620 КС преку седумстепен S tronic до сите тркала. Спринтот трае 3,1 секунди до темпо 100 km/h, крајната брзина е 331 km/h.

Малата серија ќе се изработи во мануфактурата „Böllinger Höfe“ во близина на фабриката на Audi во Некарсулм.

https://www.facebook.com/412251675493451/videos/1038836059887714/

Претходна објаваНовата Dacia Sandero со автогас, сончев покрив и системи за асистенција
Следна објаваLexus LS паркира по меморија и има сребрени влакна во вратите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here