Специјална серија на Mini за победата на Монте Карло во 1964

Mini Paddy Hopkirk Edition

Од големиот триумф на малечкиот автомобил со стартен број 37 на релито Монте Карло минаа 56 години, но сцената уште се сеќава свежо на успехот на Mini Cooper S. Во 1964 година, Mini ја постигна првата од трите победи на рели-легендата. Зад воланот беше тогаш 30-годишниот возач од Северна Ирска со име Патрик Хопкирк.

Во чест на големата победа, британската марка изработи специјална серија со посебни детали и опрема. Главниот момент секако е стартниот број 37 на возилото, со којшто Хопкирк возеше на Монте Карло во 1964 година.

Специјалната изведба Paddy Hopkirk Edition ќе стартува со продажба во октомври. Како основа служат Mini Cooper S и Mini John Cooper Works. Каросеријата е во чили-црвена боја, со бел покрив, со инспирација од историскиот модел.

Неочекуваната победа на Монте Карло буквално преку ноќ го претвори Хопкирк во најпознат рели возач. Mini се докажуваше и во следните години, со доминацијата на рели-класикот. Тимо Макинен и Рауно Алтонен победија во 1965 и 1967 година. Овој победнички дух ги инспирира фановите на марката до денес.

https://photos.app.goo.gl/uzuin7ZS6pUudiCg7

Зависно од пазарот, тркалата се од 17 инчи со дизајн Track Spoke Black или од 18 инчи со дизајн Cross Spoke Jet Black, со мат финиш. Во двата случаи станува збор за бандажи што потекнуваат од специјалната понуда на John Cooper Works – нешто слично како M GmbH на матичната марка BMW. Рамката и хоризонталната пречка се лакирани во сјајна црна боја. Истиот финиш важи и за додатоците во долните отвори за воздух, во отворот во хаубата, во рачките, чепот на резервоарот, рачката на багажникот, логоата на Mini напред и назад, како и за основата на предните и задните светла.

Стартниот број 37 се појавува и во модулот на страничните трепкачи, кој е познат како Side Scuttle. Предните светла се диодни, задните светла се во дизајн на британското знаме. На повеќе места по целото возило се поставени стикери со натпис „Paddy Hopkirk Monte Carlo“.

https://photos.app.goo.gl/2Vd1AoQEfN8dHCRx9

На возачката страна има единечна бела лента. Со користење на графика со 3D ефект, на оваа лента се забележува регистрацијата 33 EJB од Mini на релито во 1964 година. Други посебни детали се плочките на праговите со натпис „Paddy Hopkirk“.

Во опремата се вклучени MINI Excitement Package и Comfort Access. На некои пазари ќе се вградуваат и допилнителни светла, а Mini ќе се испорачува со клуч со стартниот број 37.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Претходна објаваMercedes S-Class од декември во салон, старт од 93.500 евра
Следна објаваЗа четири дена изречени казни за 1.380 возачи во Скопје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here