Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

motorpoint Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

Компанијата Motorpoint започна со бесплатна испорака на возила до домот откако беше воведено ограничено движење поради пандемијата. За возилата испорачани на овој начин, британската водечка компанија во ова поле понуди и гаранција за повраток на парите во рок од 14 денови.

Во британската компанија Motorpoint се работи многу поактивно откако беше воведена услугата за испорака до домот на возила купени онлајн. Освен на подготовка на возилата, персоналот посветува време и на возењето на автомобилите и товарните возила до адресата на клиентите. Сето тоа се одвива согласно здравствените препораки во услови на корона. Домашната испорака важи во Англија, Шкотска и Велс.

Оттогаш, персоналот на Motorpoint минал вкупно 166 денови во возење и изминал над 130.000 километри од своите подружници до клиентите. Тоа е растојание исто како трипати да се обиколи светот.

Компанијата моментно располага со илјадници користнеи автомобили и доставни возила со ниска километража од преку 30 производители. Покрај гаранцијата од производителот, Motorpoint нуди и т.н. гаранција за цена. Тоа значи дека Motorpoint ќе ја надомести разликата, доколку клиентот најде исто возило по пониска цена кај конкурентските фирми. Дополнително следи и ваучер за купување од Амазон во вредност од 50 фунти (околу 3.400 денари).

>>> Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили

>>> Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Претходна објаваOpel ќе отпушти 2.100 вработени во Германија
Следна објаваFord Ranger доби специјален пакет за теренско возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here