Доброволната програма за намалвуање на бројот на работни места не наиде на доволна прифатеност меѓу вработените. Opel најавува можност за масовно делење работни откази.
До крајот на следната година, Opel во Германија ќе укине 2.100 работни места, преку социјално прифатливи и доброволни програми за предвремено пензионирање или отштета. Досега за овие програми се пријавиле доброволно само 500 вработени. Германските медиуми објавија дека менаџментот на германската марка во сопственост на францускиот PSA Peugeot испратил соопштение до своите вработени.
Ситуацијата ќе се следи во претстојниот период до крајот на ноември. Во зависност од одвивањето на ситуацијата, понатаму ќе се размислува и за делење работни откази.
Моментно се бараат алтернативи во преговори со работничкиот совет и со синдикатот IG Metall. Дополнителен притисок за отпуштањата доаѓа од корона-кризата. Најмногу ќе биде погоден работниот персонал во матичното седиште на Opel во Риселсхајм.
















