Suzuki го претстави комплетно новиот модел во својата понуда Swace, најавувајќи го како практично комби со згодна појава, со меко и динамично возење и со хибриден погон. Станува збор за втор модел од соработката со Toyota што го добива знакот на Suzuki. Продажбата стартува во зимо, ги очекуваме цените и опремата за нашиот пазар.
Corolla Touring Sports по замисла на дизајнерите на Suzuki. Новото компактно комби во понудата на марката од Хамамацу секако дека ги наследува и сите квалитети на комбито на Toyota. Согласно новата возна динамика што ги одликува актуелните модели на Toyota, Suzuki Swace исто така ги нагласува своите динамични возни својства во изгледот и прикажува спортски стил во носот, со закосени диодни светла и широка маска со растер како саќе.
Во покривот се интегрирани кровни шини за багаж, алу-тркалата имаат пречник од 16 инчи, а задниот поклопец е изработен од лесна вештачка смола, заради заштеда во тежината. На располагање ќе бидат седум различни бои, вклучувајќи ги препознатливите бои на Corolla – оксид-бронза и фантом-кафена металик.
Во кокпитот нема разлики, со исклучок на средината на воланот, каде што нормално стои логото на Suzuki. Тоа е истиот прегледен и едноставен за користење кокпит, на којшто се навикнати возачите на компактната Toyota. Нема поедноставување или користење други материјали: Арматурната табла е обложена со мек полиуретан, има и убави хромирани акценти.
https://photos.app.goo.gl/kTUR7i4gU2kBb5ot6
https://photos.app.goo.gl/Tord2AnYisgj3vHw5
https://photos.app.goo.gl/9B8taRgS1qBvN8ZM8
Истото важи и за средишниот дисплеј од 8 инчи, со блутут врска и команди на воланот. Има поддршка за Apple CarPlay или Android Auto и MirrorLink. Во повисоките нивоа на опрема ќе се вградува и безжичен полнач за телефон. Спецификацијата вклучува уште греење на воланот и на предните седишта, како и интелигентен клима уред што препознава дали се зафатени другите седишта и амбиентално осветчување во кабината.
https://photos.app.goo.gl/kzrEydqJD2rhjGRUA
Просторната кабина останува, со 928 милиметри растојание меѓу предните и задните седишта – тоа е меѓу најдобрите вредности на стандардно мерење на просторноста во компакт класата. Багажникот стандардно нуди на располагање зафатнина од 596 литри. Подот може да се спушти и на тој начин да се создаде простор за повисоки предмети. Патосницата во багажникот има и гумирана страна, доколку се товарат влажни или валкани предмети или спортска опрема. Соборувањето на клупата е едноставно, со рачка директно од багажникот. Приклучок за 12 волти е уште една практичност во опашот на Swace.
Името Swace е кованица од SW за Station Wagon и Ace, што значи дека новиот Suzuki e ас меѓу компактните комби модели
Хибридната погонска спрега се состои од 1,8-литарски бензинец со 98 КС и електормотор со моќност од 53 kW (72 КС), плус безстепен менувач и батерија со капацитет од 3,6 кWh. Во возењедто може да се избира меѓу трите режими – нормален, еко или спортски – зависно од потребата или желбата.
https://photos.app.goo.gl/qatfPmgxFozLDHBT8
Suzuki и досега вградуваше изобилство од системи за асистенција во своите модели и не е големо изненадување тоа што Swace настапува со завидна опременост во ова подрачје во споредба со конкуренцијата. Покрај автоматското паркирање, што е новина во Suzuki, новото комби поседува и систем за самостојно запирање при опасност од судир, со распознавање пешак или велосипедист на патот, потоа систем за следење лента, камера за знаци, радарски темпомат и предупредување за возило од попречен правец при излегување наназад.
>>> Suzuki Across вози 75 km на струја и личи многу како Toyota RAV4

















