Расте продажбата на мотоцикли и скутери во Германија

Расте продажбата на мотоцикли и скутери во Германија
Suzuki Burgman е меѓу најпопуларните модели во класата на моќни скутери

Август го донесе најголемиот раст во продажбата на нови мотоцикли во Германија годинава. За осум месеци, во земјата биле продадени вкупно 163.921 мотоцикли или за 18% повеќе од истиот период во 2019 година.

Класата на големите мотоцикли во минатиот месец забележала раст од 41,1 проценти на германскиот пазар, со вкупно 12.704 мотоцикли. Наспроти тоа, скутерите со големи мотори постигнале 1.972 продажби, што е зголемување од 17 проценти.

Продолжува да расте популарноста на класата до 125 сантиметри кубни. Во оваа класа речиси е удвоена продажбата, со 4.547 продадени лесни мотоцикли и со +96 проценти. Истиот тренд беше забележан и во јули.

Најмногу напредуваат лесните скутери. Со 3.858 продадени скутери во оваа класа во минатиот месец, класата пораснала за дури 157,9 проценти во споредба со август лани. Вкупно од почетокот на годината, продажбата во класата се зголемила за повеќе од 80 проценти.

>>> Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Претходна објаваPorsche Digital отвори огранок во Хрватска
Следна објаваОваа варијанта на Volkswagen Golf има многу таленти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here