за

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија
Suzuki во поддршка на кампањата за преоѓање на мотоцикли во Британија

Suzuki ја подржува кампањата на производителите на мотоцикли во Велика Британија, со којашто се поттикнува преоѓањето од јавен превоз на скутери и мотоцикли. Во економски развиените земји, милиони лица минуваат долго растојание до работното место со јавен превоз, што носи ризици во време на корона-вирусот.

Со првите мерки за попуштање на ограничувањата за движење поради пандемијата, во Велика Британија неделава започна кампања со којашто властите препорачуваат, пред да се користи јавниот превоз, да се провери какви се можностите за користење друг вид превоз. Кампањата препорачува преоѓање на скутери и мотоцикли, со цел да се растовари користењето на автобускиот и железничкиот превоз, како и метрото.

Suzuki порачува дека користењето мотоцикл или скутер овозможува поголема заштита и одржување социјална дистанца, додека во исто време ги нуди и „традиционалнте“ предности. Последново се однесува на полесното избегнување застој и минувањето низ долгите колони што чекаат на крстосница. Секако, предност претставуваат и ниските трошоци за гориво, кои неретко се под цените за користење на јавниот превоз. Suzuki за тоа посочува на скутерот Address, чијашто потрошувачка на гориво изнесува 1,75 литар гориво на сто километри. Најчесто е пресудно уживањето во возењето на две тркала.

Врска до страницата за скутери и мотоцикли на Сузуки Македонија

Од британскиот огранок на Suzuki порачуваат: „Целосно стоиме зад оваа кампања и иницијатива на нашата индустрија. Секако дека долго сме познати по предностите од патувањето со мотоцикл, но моментно се чини повеќе од кога било досега дека постои вистинска цел за чуѓето да се ооткажат од останатите видови превоз и да ги земат предвид позитивните ефекти од возењето мотоцикл.“

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во ... глисери
Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren судир право британија полиција

Полиција на твитер исмеваше невешт возач, потоа му се извини

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа