Seat отвори „Хола Тапас Бар“ во Виена

Seat отвори „Хола Тапас Бар“ во Виена

На периферијата на Виена почна да работи „Хола Тапас Бар“ на Seat. Новиот ресторан ќе им пренесува дел од животот во Шпанија на жителите и гостите на австриската престолнина. За таа цел, марката од Марторел го ангажираше прочуениот готвач со три ѕвезди Хуан Амадор.

Со современ, медитерански дизајн, „Hola Tapas Bar“ нуди место за 80 гости на површина од 460 метри квадратни. Ресторанот се наоѓа во трговскиот центар Аухоф и поделен е на две подрачја, едното за Seat, второто за Cupra. Свеченото отворање се одржа во средината на август, со ограничен број гости, поради пандемијата. Виенскиот ресторан на Seat нуди и можност храната да се понесе дома или на работа.

Додека уживаат во шпанските специјалитети, гостите на „Hola Tapas Bar“ можат во релаксирана атмосфера да ги разгледаат најновите модели на Seat и Cupra. Тоа е можно физички, но и виртуелно, затоа што возилата се прикажуваат на видео ѕид и на повеќе екрани во ресторанот. Дополнително се нудат и лајфстајл-производи од бројните соработки на двете марки.

https://photos.app.goo.gl/yYnfGU9wLJz4zUTc9

Хуан Амадор е роден во 1968 година во Германија, како син на шпански гастарбајтери. Тој е меѓу малкуте готвачи што добиле три ѕвезди на Michelin за кусо време. „Hola Tapas Bar“ е најнов во низата ексклузивни ресторани на Амадор ширум светот, меѓу другото во Франкфурт на Мајна, во Лисабон и во Сингапур.

>>> Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer
Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Претходна објаваИлон Маск во посета на гига-фабриката во Германија
Следна објаваRenault се реорганизира, продажните рекорди повеќе не се целта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here