Електро-звукот на Ford Mustang Mach-E инспирација за музика

Електро-звукот на Ford Mustang Mach-E инспирација за музика

Електро-музичарот Метју Дир од Детроит доби инспирација од звукот на електричниот Ford Mustang Mach-E. Како резултат од тоа, музичарот ги пренесе звуците од возењето на Mach-E во песна.

Инспирирани од класичните филмови од научната фантастика од 1980-те години, дизајнерите за звук во Ford стапија во соработка со студиото Ozone Sound, со цел да произведат електронски звуци, што ќе одговараат за појавата на Ford Mustang Mach-E, кој со својот електричен погон одвај произведува звуци при возењето.

Дир е основач на Music Ghostly, светски позната издавачка куќа за електронска музика, воедно и автор на химната „Hands Up for Detroit“. Тој ги користеше синтетските звуци од Ford Mustang при создавањето на песната „New Breed“. Станува збор за хипнотизирачки електронски аранжман, што се поврзува со новиот Ford Mustang Mach-E.

Звуците се многу повеќе кул отколку што претпоставував – како од научно-фантастичен филм – а звуците на автомобилот имаат врска со модерната музика. Создавањето на песната ‘New Breed беше посебно искуство и ценам дека песната, исто како и возилото, ги носат своите патници на едно патување.“

Ford Mustang уште од своето појавување пред повеќе од 50 години постојано се поврзува со музиката и како автомобилска икона е дел од бројни песни. Со New Breed“ продолжува музичката поврзаност на новата генерација на Mustang.

 

 

 

 

Претходна објаваSpyker се враќа на сцената со три модели
Следна објаваНовиот Mercedes S-Class доби нова фабрика: Отворена е Factory 56

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here