Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Стилскиот кросовер Kia Soul е меѓу десетте најдобри автомобили за љубителите на кучиња. Така оцени американската онлајн-берза Autotrader, во одбележување на националниот ден на кучето. Во изборот на Топ 10 автомобили што им се препорачуваат на љубителите на кучиња решаваа комфорот, практичноста и безбедноста на возилото.

Првиот човек на Kia за северноамериканскиот пазар, Шон Јун: „Soul постигнува долготраен успех со својата практичност, што задоволува најразлични животни стилови. Признанието од Autotrader потврдува дека Soul е за секого, вклучувајќи ги сопствениците на кучиња.“

Изборот на најдобри автомобили за љубителите на кучиња се одржува седма година по ред и ги издвојува моделите што го нудат најдоброто од тоа што му е потребно на сопственик на пес. Уредникот на Autotrader, Брајан Муди: „Со цел да им помогнеме на купувачите на автомобил што патуваат со своите четириножни пријатели, внимателно составивеме список од најдобрите модели што нудат најобар комфор и безбедност, во исто време олеснувајќи им го животот на семејствата со пес“.

Кутиестата форма на каросеријата на Kia Soul крие изненадувачки просторна кабина, што по потреба може да се претвори и во товарен простор. Широкиот заден поклопец што почнува многу ниско го олеснува товарањето.

Топ 10 автомобили за љубители на кучиња

(редослед според абецеда)

  • Audi Q5
  • Chrysler Pacifica
  • Honda Fit (Jazz)
  • Hyundai Kona
  • Jeep Wrangler
  • Kia Soul
  • Subaru Outback
  • Tesla Model Y
  • Toyota Sienna
  • Volvo V60

Претходна објаваVolkswagen го нуди Golf во пет изведби со електромотор во погонот
Следна објаваBMW M4 за победникот на австриското МотоГП