Новиот монокок на McLaren е предвиден и за електричен погон

Новиот монокок на McLaren е предвиден и за електричен погон

Кога McLaren најавува нова генерација модели, не почнува од погонот или од подвозјето, туку од носечката школка, од монококот што претставува основа за целиот автомобил. Британците развија комплетно нов монокок, кој е приспособлив, лесен и наменет е за следната генерација миодели на McLaren, прво со хибриден, а потоа и со целосно електричен погон.

Новата архитектура се разликува по тоа што од старт е предвидена за автомобили што ќе користат хибриден погон. Инженерингот, развојот и самото производство на носечкиот монокок се дело на високотехнолошкиот центар на McLaren во Шефилд, вреден 50 милиони фунти.

Напредокот што е постигнат кај новата школка ќе овозможи идните модели на McLaren да бидат полесни, а во исто време и побезбедни. Од Вокинг уште не откриваат детали, туку само општо посочуваат дека се користени пионерски процеси и техники, кои се единствени во глобални рамки.

McLaren веќе од следната година ќе започне да ги претставува моделите од втората генерација. Од компанијата ветуваат дека „новата архитектура е исто толку револуционерна како што беше школката MonoCell, кога го претставивме првиот автомобил од нашата компанија, 12C, пред една деценија“.

Секако дека и новиот монокок е изработен од ултралесен карбон. Напредок е постигнат во структурната цврстина и во квалитетот. Технолошкиот центар на McLaren е признаен во светски рамки како еден од лидерите во истражувањето и производството на композитни материјали.

McLaren воедно поседува и огромно искуство од кралицата на мотоспортот. Тоа вклучува и распоплагање со врвна батериска технологија, како и хибридни погонски системи со високи перформанси. Шефот Мајк Флуит најави и идно преоѓање на McLaren на целосно електричен погон.

Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

Претходна објаваPorsche го собра медот: Дело на 650.000 порше-пчели
Следна објаваОвој Mercedes сака сонце: Нов SL во напредна фаза од тестирањето

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here