Škoda ќе го направи следниот голем чекор кон ерата на електромобилноста со Enyaq iV. Првиот модел на Чесите што ќе се нуди единствено со погон на струја внесува свежина во дизајнот на светлата. Вообичаено за дизајнерите на марката, тие му даваат емотивност на инаку стерилниот хај-тек на матричните диодни светла. Петр Неврела, главен дизајнер за светлата во Škoda, зборува за новиот Enyaq.
Со новиот ENYAQ iV, ŠKODA го претставува својот прв сериски автомобил врз база на електричната платформа MEB. Во споредба со претходните модели, кои се промените во дизајнот на светлата?
Петр Неврела: Во примената на тековниот дизајнерски говор на ŠKODA, ние постојано ги развивавме предните светла на SCALA и KAMIQ, како и на новата генерација на OCTAVIA. Во сите модели што ги претставивме во последните 18 месеци, светлата генерално станаа потенки, што придонесе тие да добијат подинамичен изглед. KAMIQ исто додава посебен белег со дневните светла горе. Понатаму, во дизајнот се применети дополнителни кристални елементи. Со ENYAQ iV го продолжуваме овој тренд и усовршуваме одредени детали, како што се новите и фино изведени дневни светла со суптилни веѓи и новата хексагонална форма на главните LED модули. Новите предни и задни светла го нагласуваат иновативниот карактер на новиот ENYAQ iV.
Колку долго трае развојниот процес на дизајнирање на новите предни и задни светла?
ПН: Развојот на дизајнот е динамичен процес. Соработуваме тесно со нашите колеги за надворешен дизајн и со развојниот тим за надворешните светла. Разговараме за идеите што се изводливи пред да го донесеме конечното решение. Процесот може да трае меѓу шест и дванаесет месеци.
https://photos.app.goo.gl/jhRA5ZQQwCuSa9Vc6
Која е инспирацијата при дизајнирањето на новите предни и задни светла?
ПН: ŠKODA е горда што ја следи традицијата на боемското мајсторство во работа со кристал во своите возила и што истата ја толкува на посебен начин. Одушевуваат прецизните линии, геометриските склопови и исклучително чистите стаклени површини, а зависно од аголот на светлото и на гледање, тие секогаш изгледаат различно.
Каков е првиот впечаток што го оставаат новите светла на ENYAQ iV?
ПН: Графиката на светлата на ENYAQ iV е гостопримлив и добронамерен, со светла пто создаваат мошне динамичен и модерен изглед. Иновативната LED-технологија исто така го нагласува одржливиот концепт на нашиот прв електричен СУВ.
















