Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG наскоро во производство

Mercedes-AMG Project One pateka

Спортската марка на Daimler го најавува влегувањето на Mercedes-AMG Project ONE во следната фаза на развој, со што овој екстремен автомобил доаѓа чекор поблиску до стартот на производството. Неколку примероци од претсериска продукција моментно се тестираат во сопствениот центар за тестирање и развој на нови технологии во Имендинген.

Тестирањата досега се вршеа главно на пробни валци и во затворени хали, додека во следниот период ќе се вози главно на тест-патеки. Одговорните за проектот првпат дадоа одобрение Project One да се тестира со полната моќност на напредниот хибриден погон од преку 1.000 КС.

Во понатамошниот тек ќе се вршат динамики тестирања и ќе се последните мали, но важни зафати што ги одредуваат возните својства. Покрај тоа, ќе се работи и на активната аеродинамичност. Сега ќе се покаже делотворноста на заедничкото дејствување на бројните активни компоненти, како што се крилцата во предните крила или големиот заден спојлер. Тоа досега се тестираше во воздушен канал. Активната аеродинамичност ќе има важна улога за стабилноста на знаменосецот на Mercedes-AMG во свијоци.

https://photos.app.goo.gl/kXGzgTzwHA3V1M1m6

Целта со Project ONE е да се постават нови стандарди за возната динамика и перформансите на автомобил што ќе биде хомологиран за редовен сообраќај. Секако дека најголемиот предизвик е во тоа комплетната погонска спрега од болид во формула 1 да се вгради во хиперавтомобил што ќе носи регистерска таблица. Покрај тоа што ќе постигнува врвни перформанси, возилото ќе има и применливост во секојдневието, а ќе може и неколку десетини километри да се вози чисто на струја.

Од седиштето на Mercedes-AMG во германскиот Афалтербах го најавуваат и следниот чекор: Project One наскоро ќе вози на Нирбургринг. Таму се очекува овој хиперавтомобил да напише ново историско поглавје.

https://photos.app.goo.gl/m7bwkchHYSQMCCUU7

>>> Mercedes-AMG Project One ќе биде формула 1 за на улица

Претходна објаваМотори Scania работат во 40-тонски руднички дампери
Следна објаваPorsche Taycan е „порше“ и на полнач за струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here