Два специјални модели на Aston Martin како од филм

Aston Martin Vantage 007 Edition
Aston Martin Vantage 007 Edition

Изведбите „007 Edition“ од Vantage и DBS Superleggera се резултат од повторната соработка на британксиот производител со продуцентската куќа EON, којашто работи на филмовите за Џејмс Бонд заедно со MGM.

Во филмот „No Time do Die“, чијашто светска премиера е закажана за ноември, се појавуваат четири легендарни модели на Aston Martin. Тоа се култниот модел DB5, класичниот Aston Martin V8, DBS Superleggera како најмлад гран-туризмо на марката и Aston Martin Valhalla, идниот суперспортски болид на Британците, со средишно вграден мотор. Двата нови специјални модели се достапни за нарачка веднаш, секако во ограничена серија. За нивната изработка е задолжено сопственото одделение за посебни нарачки и специјални серии Q by Aston Martin.

Vantage 007 Edition е инспириран од првиот Aston Martin V8, што ја имаше својата филмска премиера во „The Living Daylights“ во 1987 година, а се појавува и во новото продолжение. Моделот од специјалната 007-серија има традиционални стилски елементи, како решеткаста маска со хромирана рамка. Друг карактеристичен детал е дифузорот, кој е нагласен со жолта линија по пример на сигналната лента од ракетите на филмскиот автомобил. На располагање стои и носач за скии, па дури и скии во лимитирана серија, и нормално, инспирирани од филмовите.

Специјалниот модел е лакиран во камберленд сива боја. Кожата внатре е со црна боја, во комбинација со темен хром и со лого 007 на средишната конзола, во верзијата на автомобилот што има мануелен менувач. Друг филмски детал се штитниците за сонце на кои пишува 96,60. Бондофилите знаат дека Џејмс Бонд на оваа фреквенција во филмот го прислушуваше радиото на руската полиција и тоа му помогна да побегне.

https://photos.app.goo.gl/aTBsZCoAU7keYYix8

Вториот модел од 007-едицијата е во чест на филмското деби на топ-моделот DBS Superleggera. Специјалниот модел ќе се изработи во само 25 примероци и идентичен е со мускулестиот DBS Superleggera, што се појавува во „No Time do Die“. Со мотор V12 од 5,2 литри со твин-турбонатполнење и 725 КС, на овој модел му припаѓа врвот во тековната понуда на Aston Martin.

Цените за DBS Superleggera 007 Edition почнуваат од 279.025 британски фунти (околу 310.000 евра), додека Vantage 007 Edition стартува од 161.000 фунти (околу 147.000 евра). Испораките ќе започнат во првиот квартал од следната година.

https://photos.app.goo.gl/Zf7xCrhyWK65cjw1A

Претходна објаваКамион Mercedes oд 25 тони вози на струја низ Лајпцих
Следна објаваRam 1500 TRX е најбрзиот и најсилен пикап во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here