Tesla во своите фабрики ќе користи нова машина за леење под висок притисок, со којашто во иднина ќе ја изработува каросеријата на Model Y од едно парче. Калифорнискиот производител на електрични автомобили уште во средината на јули поднел барање за заштита на патентот за новата машина за леење под висок притисок.
Подготовките за големосериско производство на Model Y, на новиот СУВ на Tesla што е на заедничка платформа со Model 3, веќе се во напредната фаза. Новата машина за леење под висок притисок драстично ќе ја поевтини изработката и ќе ја зголеми продуктивноста. Со користење алуминиум место челик, автомобилот ќе биде и значително полесен, што оди во корист на досегот и на возните својства.
Шефот Илон Маск уште во минатиот четврток објави на твитер за новата машина во фабриките на Tesla: „Ќе биде вистинско доживување машината да се види во работа! Тоа е најголемата машина за леење под висок притисок на сите времиња. Задниот дел од каросеријата се состои од еден единствен дел, заедно со браникот.“
Маск во полетокот на јуни во едно интервју за подкаст најави дека каросеријата на Model Y во почетокот ќе се состои од само четири, место од 70 делови, а потоа и од само еден дел.
The single piece casting machine for Model Y has been installed in Fremont. Shanghai and Berlin will also use single piece casting. @elonmusk
— Whole Mars Catalog (@WholeMarsBlog) August 13, 2020
https://twitter.com/Tesla/status/1291176823557099520?s=20
















