Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Возачите на Tesla често практикуваат своите автомобили да ги обвиткаат со фолија во боја што е различна од фабричката. Производителот сега сака да се вмеша во тој бизнис и на клиентите им понуди можност за „фолирање“ на возилата. Засега услугата ќе биде достапна само во Кина.

Tesla на својот профил на мрежата Weibo, кинеска верзија на Twitter, објави дека на возачките и возачите на електричните автомобили од марката ќе им нуди можност за обложување со фолија. Тоа може да биде добар дополнителен извор на приход. Овој чекор на Tesla може да наиде на добар прием и поради тоа што производителот ќе може да понуди и подобар квалитет на „фолирање“, како и покусо време и воедно пониска цена за работата.

Обложувањето веќе може да се нарача во мрежите на Tesla во Пекинг, Шангај, Шензен и уште бројни други милионски градови во земјата. Самата постапка ќе се врши во сервисните работилници на марката. Моментно не се соопштува дали фолијата е од сопствено производство на Tesla, иако е повеќе веројатно дека станува збор за соработка со некој од познатите специјалисти за оваа форма на „тјунирање“ која што наидува на растечка популарност.

Но, зошто некој би сакал да ја обложи својата Tesla со фолија во друга боја?

Постојат бројни причини, зошто е голем бројот на сопственици на Tesla што целосно го обложуваат својот автомобил со фолија, честопати во светла и впечатлива боја. Прво, како што кажуваат возачите на Tesla, лакирањето на каросеријата е со слаб квалитет, поради што сопствениците се заинтересирани да го обложат возилото со фолија. Покрај тоа, Tesla нуди само пет бои, заради скуисување на тропоците, со драстично повисоки цени за четирите нестандардни бои.

фото: https://www.incognitowraps.com/tesla-full-and-partial-wraps

На крај, во голем број земји веќе е голем бројот на возила на Tesla по улиците. Тоа е уште една причина зошто возачките и возачите на Tesla сакаат да се издојат од масата и да ја обвиткаат својата електрична лимузина или СУВ со фолија во впечатлива боја.

Tesla ќе стартува со продажба во Грција

Претходна објаваBuick повеќе не ја произведува американската Opel Insignia
Следна објаваПо највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Шар Планина (Втор дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here