Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми

Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми
Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми

Истражување на холандските служби за безбедност во сообраќајот открива дека на половина милион автомобили во земјата уште не им се сменети зимските гуми. Секако дека тоа повлекува бројни недостатоци и опасности.

Во минатиот викенд, холанската агенција за безбедност во сообраќајот проверуваше низ повеќе локации во земјата, каков вид гуми се монтирани на возилата. Кај 5,3 проценти од вкупно 1.653 проверени автомобили, било утврдено дека нивните сопственици уште ги немаат сменето зимските гуми. Доколку оваа процентна стапка се пресмета на ниво на целиот возен парк, тогаш излегува дека во Холандија моментно има 500.000 автомобили со гуми за студеното годишно време.

Истражувањето понатаму покажува дека зимските гуми почесто биле забележани кај помалите автомобили, а чест е случајот летни гуми да се поставени на предната оска, додека назад остануваат зимските гуми. Во Амстердам и Утрехт, процентот на автомобили со гуми за погрешна сезона е над просекот, со 7,0 проценти.

Недостатоците и опасностите при користење зимски гуми во лето се многубројни. Патот на сопирање е значително подолг и во критични ситуации тоа може да значи спасување нечиј живот или спречување на судир, а воедно е зголемена и потрошувачката на гориво и контактот со подлогата е слаб. На крај, абењето на гумите е поголемо и тркалањето на гумите е погласно.

>>> Со зимски гуми во лето се сопира 11 метри подолго

Претходна објаваНовиот шеф на Renault ги става сите карти на идниот Megane
Следна објаваВредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here