British Petrol ќе го скуси планираното производство на нафта за 40% до 2030 година и ќе инвестира милијарди долари во чиста енергија. Тоа е дел од стратегијата што нафтениот гигант ја претстави денес, додека во исто време објави огромна загуба и намалени дивиденди.
BP десеткратно ќе ги зголеми вложувањата во чиста енергија во следната деценија, на вкупно 5 милијарди долари до 2030 година. Следната цел ќе биде постигнување нулта емисија на штетни материи до 2050 година. Една од водечките светски компании во бизнисот со нафта најави дека се подготвува за свет што ќе троши далеку помалку нафта.
Во соопштението од компанијата се наведува дека „следната декада е клучна за светот во борбата против климатските промени и преземањето на неопходните промени во глобалните енергетски системи ќе бара придонес од секого.“
British Petrol очекува побарувачката за фосилни горива да се смали за 75% во следните 30 години, доколку планетата продолжи да се загрева. За зголемувањето на температурата да се ограничи на 1,5 степен Целзиусов, побарувачката за фосилни горива мора да се смали драстично.
Дневното производство на BP ќе се намали за еден милион барели до 2030 година
До 2030 година, дневната продукција на нафта и гас на BP ќе се смали за околу еден милион барели, што претставува намалување од 40% во споредба со лани. Најголемиот дел од капиталните инвестиции во следните пет години сепак ќе припадне на производството на нафта и гас.
Бернард Луни, извршен директор на BP, наведува во соопштението: „Компанијата сака повеќе да се посвети во подрачјата на биоенергијата, ворододот, намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид и во полначи за електрични возила. Во поглед на финансиите, ние го скусуваме портфолиото за нафта и гас и вложуваме 25 милијарди долари во транзицијата во следните пет години, преку продавање на нашите постројки.“
Во јуни, BP го продаде петрохемискиот сектор на Ineos, за пет милијарди долари. Во зделката се вклучени 14 погони ширум светот, кои произвеле 9,7 милиони тони петрохемиски производи. Меѓу овие производи се вбројуваат пластични шишиња, фармацевтика и амбалажи. Се предвидува дека овој бизнис ќе стане најголем двигател на светската побарувачка за нафта и ќе порасне за 50% до 2050 година.
BP во вториот квартал имаше загуба од 16,8 милијарди долари. Дивидендите ќе им се исплаќаат на инвеститорите, но со половина од претходната висина.

















