Новата автомобилска марка Ineos има дозвола да го произведува Grenadier со истиот дизајн како при неговото прво прикажување пред светот. Британските судови ги отфрлија обвинувањата дека станува збор за „бесправно копирање“ на дизајнот на Defender, на исконскиот модел на Land Rover.
Кога Ineos премиерно го прикажа својот Grenadier пред околу еден месец, немаше двоумење дека станува збор за дизајн што е многу сличен со претходната генерација на Land Rover Defender. Производителот не го оспоруваше тоа. Напротив, Ineos јасно посочи дека оригиналниот Defender бил меѓу најсилните извори на инспирација за Grenadier. Тие го користеле духот на Defender и на свој начин го интерпретирале истиот. Тоа сепак не им се допадна во Jaguar Land Rover, по што случајот заврши на суд.
Не требаше да мине долго време додека Судот донесе пресуда. Таа воопшто не е во корист на Land Rover. Според Судот, формата на Defender не е доволно препознатлива, за таа да се смета како интелектуална сопственост. Според тоа, не постои пречка за Ineos да започне со производство и продажба на автомобилот што неодоливо личи како Defender.
Доколку сé мине по план, испораката на Grenadier ќе стартува во 2022 година. Годишната продукција на авантуристичкиот теренец е планирана на 25.000 примероци.
Британци сакаат да ја купат фабриката на Smart

https://www.instagram.com/p/CCF2_uNJxp7/
















