Синџирот за онлајн-трговија со резервни делови Autodoc продолжува да бележи раст во прометот и во корона-кризата. Со влезот на ирскиот автомобилски пазар, компанијата моментно е присутна во 27 земји во Европа.
Водечкиот онлајн-трговец со резервни делови на европскиот пазар, Autodoc, постигнал профит и во деловната 2019 година. Компанијата напредува постојано уште од основањето во 2008 година. Според штотуку објавениот деловен биланс, компанијата лани го зголемила нето прометот за 48 проценти, односно реализирала бизнис вреден 615 милиони евра. Оперативната непречистена заработка се зголемила за 50 проценти и изнесува 44,6 милиони евра. Маржата се зголемила на 5,0 проценти (лани 4,8 проценти).
Позитивниот тренд на Autodoc продолжи и во првото полугодие од 2020. Во првиот квартал, онлајн-трговецот постигна за 30% зголемен промет со вкупно 165 милиони евра, додека за шест месеци, растот изнесува 35 проценти. Бизнисот на Autodoc се движи циклично – компанијата по традиција го постигнува најголемиот дел од прометот на годишно ниво во последниот квартал. За тековната деловна година, менаџментот очекува прометот да надмине 800 милиони евра.
„Уште една силна година за нас“
Алексеј Ердле, основач и директор на Autodoc, во соопштението за медиуми изјавува: „Деловната 2019 година беше уште една силна година за нас и уште еден доказ за успешноста на нашата стратегија за раст. Продолжуваме со проширување во останатите европски држави, со нагласена посветеност на нашите клиенти и со агресивна ценовна политика.“
Главни клиенти на Autodoc се крајни корисници, но и компании, особено независни сервисни работилници и оператори со возни паркови. Покрај сегментот на патнички автомобили, Autodoc го покрива и пазарот на товарни возила, а од 2019 година е присутен и на пазарот на мотоцикли.

Autodoc своите производи ги дистрибуира строго преку онлајн-продавници и преку „Marketplaces“, без класични продавници. На тој начин, компанијата има побогата понуда отколку стационарната трговија. Понудата моментно опфаќа 2,5 милиони производи од 545 производители на познати марки, за повеќе од 44.000 моделски изведби од 128 автомбоилски марки.
Од јуни, Autodoc е присутен и во Ирска, со што онлајн-синџирот моментно е присутен на 27 пазари во Европа.
Како пример за нивото на цени, побаравме предни сопирачки дискови за Peugeot 308 2.0 HDI со 136 КС од 2008 година. Од производителот TRW, дисковите за испорака во Бугарија чинат 45,92 левови, односно 23,48 евра парче, со две години гаранција. Резултатите се на пет страници, изборот е неверојатно богат. Прегледот на резултатите од нашето пребарување е достапен на следната врска:
https://www.autodoc.bg/rezervni-chasti/spirachen_disk-10132/peugeot/308/308-4a-4c/23384-2-0-hdi
















