Гана доби фабрика за автомобили на Volkswagen

Гана доби фабрика за автомобили на Volkswagen
Гана доби фабрика за автомобили на Volkswagen

Првиот модел од фабриката за монтажа е Volkswagen Tiguan, планирани се уште Passat, Teramont, Polo и Amarok. Тоа е петта фабрика на VW во Супсахарска Африка.

Со официјалното отворање на фабриката за монтажа во Акра, Гана, Volkswagen продолжува со зајакнување на своето присуство во супсахарскиот регион. Марката располага со уште четири фабрики на делот од африканскиот континент под Сахара: Во Јужна Африка, Кенија, Нигерија и Руанда.

Компанијата Universal Motors, увозник на Volkswagen од 2005 година, во фабриката ќе монтира до 5.000 возила годишно. Германскиот концерн учествува финансиски во новите погони за монтажа на возила во Африка. Станува збор за монтажа врз основа на SKD (Semi-Knocked-Down), односно тоа се полуготови модули, со коишто се реализира завршната монтажа на возилата. Моделите што ќе излегуваат од фабриката на Universal Motors се Tiguan, Teramont, Passat, Polo и Amarok.

Претседателот на Република Гана, Неговото Височество Адо Данква Акуфо-Адо, министерот за трговија и индустрија Алан Киерематен и останати министри од кабинетот учествуваа во свеченото пуштање на фабриката во работа. Првото возило од локална продукција е Tiguan.

Западноафриканската земја со околу 30 милиони жители го реализира планот што Volkswagen го најави уште пред две години, во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел. Посебно со цел да се поттикне автомобилскиот сектор беше формирана агенција за автомобилски развој во Гана, со којашто се поставуваат основи за натамошно засилување на присуството на Volkswagen и останатите концерни во државата.

Volkswagen Ghana е прва автомобилска компанија што е регистрирана во Агенцијата за автомобилски развој во африканската земја. Се работи за 100% фирма ќерка на Volkswagen AG, со генерален директор Џефри Ј. Опонг Пепра.

volkswagen golf 8 производство најпродавани Германија

https://www.instagram.com/p/CDb9q6GpLRh/

https://www.instagram.com/p/CCEDt6BJiKp/

Претходна објаваVolvo продаде над 600.000 возила изрaботени врз платформата CMA
Следна објаваMercedes од овој центар снабдува 150 земји со резервни делови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here