Kia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели

Kia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели
Kia собра над 2.000 фудбалски обувки за хуманитарни цели

Автомобилската корпорација Kia Motors и УЕФА во втората година на организирање на „UEFA Europa League Trophy Tour Driven by Kia“ собраа над 2.000 чифта фудбалски обувки што ќе се донираат за бегалски камп во Јордан.

Исто како во првата година, „Турата“ ги посетуваше локалните училишта, фудбалските клубови и најпосетените туристички знаменитости во цела Европа. Турата ја придружуваа поранешни фудбалски професионалци, во улога на амбасадори на локалните настани. Но, по два успешно организирани настани во Франкфурт и Барселона, се случи корона, со што се стави крај и на овие масовни собири.

Kia и УЕФА потоа решија да преминат на одржување на онлајн фудбалски курсеви, со цел кампањата да продолжи и да се исполни целта за собирање фудбалски обувки. Секој од учесниците се снимаше како изведува фудбалски трикови, кои потоа им се прикажуваа на децата во бегалскиот камп Заатари.

Секое дете заслужува да сонува и оваа кампања докажа дека фудбалот навистина има моќ да ја одржува страста во живот во овие тешки времиња – тоа е фантастична кауза и горди сме што сме дел од неа

Ги Лорен Епстајн, директор за маркетинг на УЕФА

Во соработка со Детската фондација на УЕФА, двата партнери моментно работат на организирање на предавањето на донираните обувки за децата во кампот во следните неколку месеци. Со овој чин ќе се пренесе и личната порака од светскиот амбасадор на Трофејната тура, Мајкл Оуен.

Поранешниот англиски фудбалер, Мајкл Оуен, глобален амбасадор на „2020 UEFA Europa League Trophy Tour, ги охрабри фановите да ги донираат своите обувки и да ја посетат турата на нејзините одредишта. Прочуени фудбалски имиња, како Томас Бертолд, Ерик Абидал, Франческо Тоти, Рафаел Ван дер Варт, Патрис Евра и Јежи Дудек ги претставуваа шесте европски градови што учествуваа во турата: Франкфурт, Барселона, Рим, Амстердам, Манчестер и Варшава.

https://www.instagram.com/p/CDTJuS5i3T9/

>>> Kia во Австрија спојува пробно возење и сурфање

Претходна објаваMercedes S-Class има „амортизери“ со камера и воздушна перница во средина
Следна објаваFerrari заработува и среде корона-кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here