Аквацентар во близина на Виена им нуди можност на посетителите да направат пробно возење на електричните модели на Kia. Центарот е прочуен по вештачките бранови, кои се создадени за сурферите. „Јавањето на бранот“ има убава симболика покрај актуелниот бран на автомобили со електричен погон.
Планините повеќе се поврзуваат со австриската престолнина отколку морските ширини, но затоа постојат аквапаркови. Kia смисли начин, како на идните возачи на автомобил од марката, задоволството да им го направи уште поголемо. Јужно од Виена се наоѓа центарот Multiplex City Wave, прочуен по брановите што се создаваат вештачки и каде што посетителите летово можат да резервираат автомобил на Kia за пробно возење.
Станува збор за модели со електричен погон, конкретно за e-Soul и e-Niro. Секој посетител на аквапаркот може да ја користи оваа понуда за пробно возење и воедно да ја почувствува посебноста на возење електричен автомобил. Секако дека возилата може само да се разгледаат, нема обврска претходно да се плати за забавата на сурфањето на џиновски бранови веднаш под Австриските Алпи.
Симболиката е погодена, „движењето со бранот“ асоцира на приклучувањето на актуелниот бран на електричните автомобили
Центарот Multiplex City Wave овозможува безбедно сурфање и за почетници и за професионалци. Принципот на работа е сличен како кај познатиот Ајсбах во Минхен, кој е изведен на реката Исар. Професионални тренери помагаат за кусо време да се постигне голем напредок и ги охрабруваат почетниците да ја почувствуваат убавината на сурфањето.
Осум пумпи ја насочуваат водата во затворен круг во базен и создаваат бран за сурфање. Базенот е длабок 1,4 метар, што овозможува да се користат и обични даски за сурфање со перка.
https://photos.app.goo.gl/W3GYUaySUoEmwShJ9
https://www.instagram.com/p/CDBILbulo9P/
















