Tesla објави огласи за вработување во својата идна продажна мрежа во Грција. Во исто време продолжува да расте побарувачката за електричните автомобили на калифорнискиот производител во светски рамки. Кон крајот на годината, Tesla ќе произведува во три фабрики на три различни континенти: Во Северна Америка, Европа и Азија.
Илон Маск на последната онлајн-конференциска средба вообичаено соопшти дека побарувачката за електричните автомобили на Tesla останува на високо ниво. „Побарувачката не е проблем, тоа е сигурно. Моментно се соочуваме со неколку предизвици во добавувачкиот синџир што се обидуваме да ги надминеме … така што, нема причина за загриженост околу побарувачката. Таа не е проблем.“
Европа е еден од пазарите на кои Tesla бележи најголем раст во продажбата. Калифорнискиот производител моментно гради гигафабрика во Берлин, со цел да се задоволи високата побарувачка за неговите автомобили. Се очекува фабриката да биде завршена за околу една година. Соодветно на тоа, производителот веќе се подготвува да стартува на неколку нови пазари ширум Европа.
Во огласите за вработување во Грција се бараат менаџер за продажба и испорака, и советник на Tesla. Во описот на работното место, Tesla наведува дека се подготвува да стартува со продажба на грчкиот пазар. Работните места се во Атина. Tesla во меѓувреме ги отстрани огласите од својот вебсајт, но ги ангажираше локалните агенции за вработување да најдат персонал за двете работни места.
Претставници од Tesla во февруари пристигнаа на преговори со грчката влада, околу поставување мрежа од суперполначи што ќе се протега од Португалија, преку Грција, до Турција. Како некое правило, со поставувањето суперполначи во одредена земја или регион, Tesla го најавува започнувањето со продажба на автомобили на тој пазар.
Грчката влада неодамна излезе со мерки за поттикнување на електромобилноста во земјата. Властите во земјата планираат субвенции при купување електричен автомобили.
>>> Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Tesla Q2 2020 Vehicle Production & Deliveries | Tesla, Inc. https://t.co/hgJDXLWmBg
— Tesla (@Tesla) July 2, 2020
















