Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет

Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет
Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет

Возачките и возачите во германскиот град Келн во иднина ќе можат да ја платат казната за погрешно паркирање на каса во супермаркет, заедно со намирниците. Станува збор за пробен проект во градот Келн, при што заедно со напишаната казна за погрешно паркирање, се добива и бар код, исто како што се добиваат бонови со попусти.

Овој бар код може да се скенира на каса во супермаркет и на тој начин да се плати казната, без потреба од банкарска дознака и слични процедури. Освен во Келн, плаќањето може да се изврши и во која била друга продавница ширум Германија, од вкупно 12.000 што учествуваат во проектот. Моментно не постои друг град што нуди ваква можност за плаќање.

Градот стапи во соработка со компанија за менаџирање на плаќање во готовина, кај чијшто партнери се врши наплатата на казната. Пилот проектот, со кого што се опфаќа само износот на опомените за погрешно паркирање, планирано е да трае една година.

За натаму се размислува системот да се примени и во други подрачја. Градот Келн во 2018 година издал 850.000 казни за погрешно паркирање.

Претходна објаваТест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style
Следна објаваЕлектричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here