BMW го стави X7 во „темна сенка“

BMW X7 Edition Dark Shadow
BMW X7 Edition Dark Shadow

Специјална серија од луксузниот X7 доаѓа со неколку единствени и исклучителни детали во дизајнот и во опремата, како дело на одделението BMW Invividual. Моделот ќе биде достапен во 500 примероци. Нови специјални бои за X7, X6 и X5 ќе се нудат од август.

Големиот и луксузен BMW X7 веќе ужива посебно место во врвот на понудат во СУВ-сегментот, а баварската марка веќе му подготви уште поексклузивна изведба. Специјалната серија BMW X7 Edition Dark Shadow се одликува со единствени детали во дизајнот и опремата од BMW Individual. Со тоа се нагласуваат и луксузниот амбиент и спортскиот настап на врвниот Х-модел на куќата.

Првото што се забележува кај специјалниот модел секако е бојата од понудата на BMW Individual. Станува збор за „смрзната арктички сива металик боја“, којашто првпат се користи кај X-модел. Со стартот на производството на X7 Dark Shadow, BMW ќе додаде и неколку нови бои од специјалната понуда за X7-6-5.

Моделот е наменет како колекционерски примерок. Изработката во фабриката во Спартанбург/САД ќе започне во август, во серија од 500 примероци. Dark Shadow е достапен на сите пазари на BMW и може да се нарача во комбинација со сите мотори во гамата на X7.

Главното обележје во изгледот е во контрастот меѓу мат лакот на каросеријата и деталите во темен хромиран финиш

Меѓу деталите што се посебни за X7 Edition Dark Shadow се рамките на прозорците, маските на средишните и задните столбови, држачите на ретровизорите и пречките во бубрезите на BMW, со темен хром-финиш. Истото важи и за завршетоците на издувните цевки. Тоа прави контраст со мат бојата на каросеријата.

Дел од пакетот се аеродинамични каросериски додатоци од M Sport. Секако бандажите имаат посебен „збор“. Тука се работи за M-бандажи од 22 инчи со V-краци и мат изведба, со различна димензија на двете оски. Спортски звук од M-издувот исто така не смее да ендостига.

Специјалниот X7 е достапен со шест или седум седишта, со тоа што предните се во комфорна-изведба, со електрично местење и меморија. Ексклузивни детали внатре од BMW Individual се комплетното обложување со мерино-кожа во темно сина и црна боја, со контрастни штепови. Таванот е обложен со алкантара во темно сина боја. Горниот дел од арматурбата табла, исто како и потпирачите за рака во вратите се обложени со мека телешка кожа во темно сина боја. Средината ја облагородуваат и украсни панели од вистинско дрво, со алуминиумски детали.

https://www.instagram.com/p/CDB7JlTnaSw/

Претходна објаваTesla го тужи конкурентот Rivian за кражба на деловни тајни
Следна објаваПо највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here