Американскиот производител на електрични автомобили Tesla го обвинува конкурентот Rivian за кражба на деловни тајни, преку планско одвлекување на експерти од компанијата.
Tesla ќе го донесе својот конкурент Rivian пред суд, поради наводна кражба на деловни тајни. Во тужба поради неправедна конкуренција, пионерот на електричните автомобили го обвинува ривалот за „алармантна шема“ за одвлекување експерти од компаниајта, со цел да се дојде до доверливи информации. Rivian го отфрли обвинувањето.
Во соопштението од Rivian се наведува дека обвинувањата се беспредметни и се во спротивност со културата на делување на компанијата, нејзиниот етос и директиви. Постапката што е поведена пред еден суд во Сан Франциско се однесува на четири поранешни вработени лица во Tesla, коишто наводно преминале со чувствителни податоци во конкурентската компанија.
Остра конкуренција околу првиот електричен пикап на американскиот пазар
Tesla и Rivian водат остра конкурентска битка околу претставувањето на првиот пикап со електричен погон. Иако Tesla е многу повеќе позната во јавноста, ривалот што располага со финансиско покритие во вредност од неколку милијарди долари од Ford, Amazon и од Blackrock, на крајот може да победи во судскиот спор.
>>> Rivian ќе претстави електричен пикап пред Tesla?

















