По една седмица од светската премиера, Mercedes-AMG GT Black Series е достапна за нарачка во дилерската мрежа, моделот веќе се појави и во официјалниот ценовник на Мак Аутостар со цена од 450.000 евра. При развојот на врвната моделска изведба на AMG GT се примени сета инженерска вештина на спортската марка од германскиот Афалтербах.
Со најсилниот сериски мотор V8 во историјата на Mercedes-AMG, во комбинација со аеродинамичност што целосно е оптимирана за тркачка патека и со примена на ексклузивни материјали, спортската марка на Daimler ја претстави моделската верзија AMG GT Black Series. Моќноста од 730 КС е само ориентација за способностите на овој суперавтомобил. Mercedes-AMG достојно ја круниса својата традиција во мотоспортот. Специјалната боја AMG magmabeam е достапна само за AMG GT Black Series, со соодветна доплата.
Новиот мотор V8 со т.н. рамно коленасто вратило (аголот меѓу балансирачките контратегови е 180 место 90 степени) постигнува 730 КС при 6.700 до 6.900 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 800 њутнметри во подрачјето меѓу 2.000 и 6.000 вртежи во минута. Преработениот мотор му дава сосем различен карактер на Mercedes-AMG GT Black Series. Тоа се огледува и во перформансите. Спринтот до темпо сто трае 3,2 секунди, а до темпо двесте минуваат помалку од девет секунди. Крајната брзина изнесува 325 km/h.
https://photos.app.goo.gl/cqiLq8PZLDdc9LBe6
Блискоста со тркачките болиди AMG GT3 и AMG GT4 се гледа и се препознава во техниката повеќе отколку во која било друга верзија на „GT“. Покрај предниот браник со значително зголемен отвор за воздух, преземен од AMG GT3, директно од мотоспортот пристига и новата хауба од карбон, со два отвори за струење на топлиот воздух од моторот. Оваа техологија од мотоспортот го подобрува потисокот, а во исто време влијае позитивно и врз аеродинамичноста.
Од тркачките болиди на AMG потекнуваат и зглобовите на горните и долните водилки на задната оска. Тие фактички немаат зјај, поради што затурот и нагибот на тркалата не се менуваат при екстремните странични сили во свијоци. Тоа овозможува и попрецизно управување, како и подобра повратна информација.
Технички податоци и цена за Mercedes-AMG GT Black Series
|
Mercedes-AMG GT Black Series |
|
|
Мотор |
4,0 литри V8 битурбо |
|
Зафатнина |
3.982 cm3 |
|
Моќност |
537 kW (730 КС) при 6.700–6.900/min |
|
Вртежен момент |
800 Nm при 2.000–6.000/min |
|
Погон |
Назад |
|
Пренос |
AMG SPEEDSHIFT DCT 7G |
|
Потрошувачка |
12,8 l/100 km1 |
|
Емисија на CO2 |
292 g/km1 |
|
Забрзување |
3,2 s |
|
Крајна брзина |
325 km/h |
|
Цена во Македонија (евра) |
335.240 |
Цените на останатите моделски изведби за македонскиот пазар
- AMG GT (476 КС) 165,800.- евра
- AMG GT – C (557 КС) 205,990.- евра
- AMG GT – R (585 КС) 228,990.- евра
- AMG GT Black Series (730 КС) 450,000.- евра
- AMG GT Roadster (476 КС) 182,000.- евра
- AMG GT Roadster C (557 КС) 224,000.- евра
Mercedes за колекционери што обожуваат трки

















