Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил

Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил
Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил

Групацијата Renault во првото полугодие продала 1,26 милион возила или за 34,9% помалку отколку во истиот период лани. Францускиот производител забележа голем пораст кај електричните возила. За шест месеци биле регистрирани за 50% повеќе електрични возила, односно вкупно 37.540 примероци.

По разлабавувањето на мерките за ограничено движење поради пандемијата на голем број од своите клучни пазари, Renault во минатиот месец забележа значително заживување на продажбата. Компанијата е воедно и на добар пат да биде под лимитот за емисијата на СО2 на ЕУ, што ќе ја поштеди од скапи казни.

Од јануари до јуни, групацијата продала 1.256.658 возила во светски рамки, од кои 623.838 возила во Европа. Renault Clio е најпродаван модел во класата на градските автомобили, со 102.949 примиероци.

Renault била најпродавана марка во Европа во јуни. Надвор од континентот, продажбата на групацијата е најмногу погодена од корона-кризата во Русија (-23,3 проценти), Индија (-49,4 проценти), Бразил (-39 проценти) и Кина (-20,8 проценти).

Претходна објаваVolkswagen доби нов директор за производство
Следна објаваMercedes-AMG стартува со испорака на Black Series, цена 450.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here