Kia ветува врвна теренска способност за новиот Sorento

Kia ветува врвна теренска способност за новиот Sorento
Kia ветува врвна теренска способност за новиот Sorento

Kia ќе вградува нов систем Terrain Mode во новата генерација на Sorento, чијашто продажба на европскиот пазар се очекува да стартува наесен. Со системот Terrain Mode, големиот СУВ-модел на Kia постигнува подобра тракција, стабилност и контрола при возење по кал, снег и песок. Возачот може да избере посебна програма за секоја од овие различни подлоги. Според инженерите на марката, верзиите на Sorento со погон на сите тркала ќе имаат поголеми теренски способности од кога било досега.

Со едноставно вртење на командата за избор на програма за возење во средишната конзола, возачите можат да избираат меѓу режим за возење во кал, снег или песок. Системот самостојно ја приспособува погонската спрега, со зафати во вртежниот момент на моторот и во распределбата на моќта меѓу погонските оски, како и во контролата за стабилност. Со Terrain Mode се менува и работата на двата видови пренос што Kia ги вградува во новиот Sorento – на осумстепениот менувач со двојна спојка кај дизел изведбите или 6-степен автоматик за хибридните изведби).

Sorento со новиот Terrain Mode реагира побрзо на различните подлоги, му влева повеќе доверба на возачот и воедно нуди комоција при пробивањето низ теренот. Киа Моторс Македонија ќе ги објави цените и опремата за македонскиот пазар во текот на четвртиот квартал, за кусо потоа да следат и првите испораки на теренецот што постигна пристоен успех на нашиот пазар во трите генерации досега.

Kia Sorento 2020
Kia Sorento, четврта генерација

Како функционираат одделните програми на Terrain Mode во Kia Sorento

>>> Снег: За зимски спортови и студени региони

Режимот за возење во снег е наменет за возачи во постудени региони или за семејства што редовно практикуваат зимски спортови. Програмата е развиена за возење по лизгав пат и мраз, поради што се смалува вртежниот момент на моторот и моќта се распределува рамномерно меѓу двете оски. Тракцијата реагира будно и благо ги потсопира тркалата што губат тракција. Менувачот префрлува порано во повисок степен, за моторот да работи со најниски можни вртежи.

>>> Кал: За собири во природа и за љубители на теренско возење

Овој режим има за цел да ја подобри тракцијата при возење во кал и по земја. За таа цел, менувачот повеќе ги задржува одделните степени на пренос, додека контролата на тракција реагира поостро со сопирање на одделниtе тркала, а вртежниот момент се распределува меко. На тој начин, возилото го задржува залетот, избегнувајќи заглавување во калта.

>>> Песок: За зависници од плажи

Песочниот модус му обезбедува поголема сигурност на возачот додека вози по песочна подлога, по плажа, па дури и во пустина. Програмата спречува возилото да „потоне“ во песокот, со испорака на повисоко ниво на вртежен момент и доцно префрлување во повисок степен, додека моќта се распределува во колку е можно порамномерен сооднос меѓу оските. Во овој модус, контролата на тракцијата исто така ги сопира тркалата посилно, овозможувајќи на тој начин поголема распределба на вртежен момент до тркалата каде што тоа е потребно.

Словачките колеги веќе имаа прво возење на новиот Kia Sorento во Братислава

Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Kia Sorento стартува со производство во Кореја
Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Претходна објаваBMW ја подготвува фабриката во Минхен за електричниот i4
Следна објаваSkoda на 1-ви септември ќе одржи премиера на електричниот Enyaq

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here