Кинескиот Wey има ривал за Ford Bronco и Jeep Wrangler

Кинескиот Wey има ривал за Ford Bronco и Jeep Wrangler
Кинескиот Wey има ривал за Ford Bronco и Jeep Wrangler

Кинескиот производител Wey подготвува класичен теренец во стилот на Jeep Wrangler и новиот Ford Bronco. Денес се појавија уште неколку фотографии кои навестуваат дека овој автомобил ќе го привлекува вниманието и на улица и на сцена.

Wey е луксузна марка на кинескиот гитант Great Wall. На сцената веќе извесно време се појавуваат фотографии од кутиестиот и класично скроен теренец на Wey. На тие фотографии се прикажува само изгледот на предниот дел од теренецот. Денес пристигаат фотографии што го покажуваат опашот, како и неколку детали од кутиестиот кинески теренец.

Моделот чиешто име уште не се открива, верно ги следи класичните начела на теренските автомобили. Резервното тркало е поставено средишно на вратата на багажникот, а таа пак се отвира странично. Задните светла исто така имаат кутиеста форма, што соодветствува со стилот на предните светла. Wey е сериозен во намерата да го постави својот класичен теренец како силен конкурент на Jeep Wrangler или неодамна претставениот Ford Bronco.

Техниката за теренецот пристига од Haval H9, од втората премиум марка на Great Wall, што е специјализирана за СУВ-модели. Тоа значи дека идниот модел на Кинезите користи носечка рамка и има крута задна оска, исто како Bronco.

Доколку се преземат моторите од големиот Haval H9, тогаш во новиот модел ќе работи дволитарски турбо-бензинец со 225 КС и 385 њутнметри или дизел со 190 КС и 420 њутнметри. Wey засега не најавува планови да го продава новиот теренец во Европа, но тоа не е исклучено. Стилскиот класичар во секој случај ќе им обезбеди добро полирање на имиџот на моделите на Haval што веќе се продаваат на европскиот пазар. Исто и кај нас, компактниот H2 и големиот H6 вее се во понуда кај Толту Моторс.

Претходна објаваПросечна бруто плата во германски градови со авто-фабрики над 5.000 евра
Следна објаваToyota со ново лого за пристигањето на Yaris

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here