Просечна бруто плата во германски градови со авто-фабрики над 5.000 евра

Просечна бруто плата во германски градови со авто-фабрики над 5000 евра
Просечна бруто плата во германски градови со авто-фабрики над 5000 евра

Класичното прашање што секогаш нé засега одново: Колку навистина изнесува платата во Германија? Една статистика открива дека просечната плата е највисока во градовите на чијашто територија работат една или повеќе автомобилски фабрики.

Меѓу поголемите германски градови во коишто автомобилските концерни имаат свои фабрики, прв град според висината на бруто личниот доход е Волфсбург (Volkswagen), кој годинава е на местото на ланскиот шампион Инголштат (Audi), а по нив следат Минхен (BMW) и Штутгарт (Mercedes). Според податоците од Сојузната агенција за работа, во Волфсбург месечно се заработува во просек по 5.089 евра – бруто плата. По „волчјиот град“ следат двата баварски градови Инголштат (5.004 евра) и Ерланген (4.907 евра).

На ниво на германските сојузни покраини, највисок просек има Хамбург, со нето плата во висина од 3.820 евра. Тоа се 400 евра повеќе од сојузниот просек. Најниска просечна нето плата има сојузната покраина Мекленбург Форпомерн со 2.608 евра.

На истокот и натаму се заработува помалку отколку на западот

Во градовите што порано припаѓаа на „Источна Германија“ платите обично се пониски отколку на западот. Последните 59 места во статистиката по градови им припаѓа на т.н. нови сојузни држави. Притоа, најнизок просек од градовите и регионите од западот има округот Зидвестфалц, со 2.763 евра нето плата.

Најслабо се платени вработените во округот Герлиц во Саксонија, кадешто нето платата изнесува 2.380 евра. Според оцените на Левичарската партија, платата во четирите најсилни окрузи и независни градови во Западна Германија е повеќе од двојно повисока од платата во двата последни окрузи на Истокот.

Секако дека постојат и источни градови во кои се заработува добро. Дрезден и Потсдам, со просечна нето плата од околу 3.200 евра, се на исто рамниште со баварските градови Розенхајм и Штраубинг.

Претходна објаваОдликувани најиновативните автомобилски марки и системи
Следна објаваКинескиот Wey има ривал за Ford Bronco и Jeep Wrangler

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here