Пикапот на Mitsubishi може да има и сопствен шатор

Пикапот на Mitsubishi доби сопствен шатор
Пикапот на Mitsubishi доби сопствен шатор

Во време кога се заминува на летен одмор и во време кога некои пак избираат да се издвојат од метежот поради корона, производителите на опрема за кампување се најактивни. Посебно за пикапи како Mitsubishi L200 е изработен шатор што едноставно се поставува врз возилото.

Во понудата од прибор на Mitsubishi имаме сретнато најразлични практични изуми и решенија за кои многумина претходно не знаеле дека им недостигаат. Јапонската марка останува доследна на традицијата и нуди шатор за пикап.

Оваа суштинска опрема за кампување е производ на Gentle Tent, а моделот се нарекува GT Pick-up. Со помош на електрична пумпа за воздух што се приклучува на 12-волтната мрежа на возилото, едно лице може самостојно да го постави шаторот. Неговата тежина е 27 килограми, а кога не се користи, шаторот е педантно скапуван во кутија на покривот.

Кога ќе се отвори, шаторот нуди простор за спиење со површина од 140 на 220 сантиметри на покривот. На тоа следи и слободен простор во товарната платформа, каде човек може да се движи нормално исправено.

Тоа што на прозорците се поставени заштитни мрежи од комарци и изведени се отвори за проветрување, ја навестува и цената на шаторот од прочуениот материјал Тенкејт: Околу 3.500 евра.

https://photos.app.goo.gl/qA1yLHbewFVUiwjQ8

>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Претходна објаваToyota Supra ќе добие мотор од BMW M3?
Следна објаваГермански градови со почист воздух поради намалениот сообраќај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here