Mercedes-Benz Arocs е појава што го привлекува вниманието. Но, возниот парк на Тони Рис од Порткол, Велика Британија, го привлекува вниманието двапати.
Долгогодишниот клиент на камионскиот огранок на Mercedes е воедно голем љубител на формула 1. Тоа станува очигледно кога ќе се погледнат уметничките дела во ербраш-техника, што ги прикажуваат возачките ѕвезди Луис Хамилтон и Валтери Ботас, заедно со нивните болиди, на задната страна на кабината.
Компанијата на Тони Рис е основана во 2004 година и специјализирана е за транспорт на најразлични видови суровини и отпад. Неговите камиони превезуваат и теписи и електрични уреди, па и метали и пластика.
Точно за тоа подрачје на приомена е создаден новиот Mercedes-Benz Arocs, што ја поседува специјалната програма за контрола на погонската спрега, со способност за „предвидување“, заедно со новата генерација на систем за самостојно запирање при опасност од судир. Мултимедискиот кокпит, со голем дисплеј за ракување со низа функции на возилото, секако дека денес не недостига и во премиум-камионите.
https://photos.app.goo.gl/dpcaN6ccbyQt6FTGA
















