Porsche 911 Turbo S ги претркува и фабричките податоци

porsche 911 turbo s
porsche 911 turbo s

Новата генерација на Porsche 911 Turbo S забрзува уште подобро отколку што производителот наведува во фабричките податоци. Тоа важи и за забрзувањето до 300 километри на час.

Моротот во новиот Porsche 911 Turbo S располага со 650 КС и вртежен момент од 800 њутнметри. Перформансите што ги постигнува класичарот на Porsche беа незамисливи до пред неколку години. Производителот наведува податок дека забрзувањето од место до темпо сто трае 2,7 секунди. Специјализираниот германски магазин АУТО БИЛД Спортскарс го тестираше новиот 911 Turbo S, секако вклучувајќи и мерење на перформансите. Тоа покажа дека Porsche забрзува уште подобро отколку што наведува фабриката.

На мерењето на забрзувањето, посебното издание на АУТО БИЛД за спортски автомобили, доби вредност од 2,54 секунди за спринтот до 100 km/h, што е 1,6 десетинка подобро од фабричките вредности. Тоа можеби изгледа дека е малку, но во оваа категорија на перформанси, тоа е огромен напредок.

Надминувањето на фабричките ветувања останува и при забрзување до следната стотка: Двесте километри на час „паѓаат“ по 8,5 секунди од старт од место, што пак е 0,4 секунди побрзо. Porsche продолжува да забрзува и до следниот праг од 300 километри на час. Од место до тристотини km/h минуваат 26,6 секунди. Секако дека мерењето се врши професионално, со прецизен мерен уред што користи GPS, место аматерски со отчитување на вредноста од брзиномерот.

Porsche Taycan ќе добие „основна“ верзија со заден погон

 

Претходна објаваБританци сакаат да ја купат фабриката на Smart
Следна објаваДенес стартуваше производството на новиот Toyota Yaris

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here