Основачот на Tesla е познат по несекојдневните постапки. Илон Маск ги предизвикува скептичните берзански работници со понудата на „Tesla Short Shorts“.
Илон Маск има добар претприемачки дух и богат е со идеи. Електро-пионерот Tesla во меѓувреме на берзата вреди над 218 милијарди евра, со што е највреден автомобилски производител во светот. Бидејќи има голем број инвеститори што со недоверба гледаат на тоа, имајќи ги предвид фактичките продажни бројки и финансиски извештаи, тие почнаа со бланко продажба на акции на Tesla, со намера да предизвикаат пад на вредноста на акциите на Tesla. На англиски, ова постапување во светот на финансиите се нарекува „to sell short“.
Илон Маск сепак има идеја и за тоа, па и самиот продава „shorts“. Цената воопшто не е ниска. Во вообичаен манир за него, шефот на Tesla на својот профил на твитер објави дека ги продава шорцевите за „Only 69,420!”
Невообичаениот производ за електро-специјалистот може да се набави веднаш преку онлајн-продавницата на производителот. „Tesla Short Shorts“ се достапни во ограничен број примероци и изработени се од црвен сатен со лого на Tesla. Назад на шорцевите пишува „S3XY“, што несомнено е уште една генијална досетка на Маск и се однесува на моделите S, 3, X и Y.
Онлајн-продавницата, патем, јавува дека шорцевите се веќе распродадени.
Limited edition short shorts now available at https://t.co/5EmNcTBvJv
— Elon Musk (@elonmusk) July 5, 2020
















